Лина Пејовска: „На дуетот со Таско имаме неверојатни 4 милиони прегледи на Јутуб - чувството е неверојатно“

Кој ѝ е најголема поддршка во кариерата, какви ѝ се идните планови и што си посакува најмногу на свет, отворено со Лина Пејовска...

lina-pejovska-na-duetot-so-tasko-imame-neverojatni-4-milioni-pregledi-na-jutub-chuvstvoto-e-neverojatno-01.jpg

Лина Пејовска носи нова свежина на македонската естрада, а нејзината соработка со раперот Таско за песната „Nevaljala” за неполни два месеца достигна неверојатни 4 милиони прегледи на Јутуб.

Околу успехот на оваа песна, но и како го минува времето периодов поразговаравме со неа:

Како ги поминуваше деновите за време на домашниот карантин?

Целата оваа ситуација што нѐ зафати со корона вирусот нѐ затвори сите по дома. За време на домашниот карантин одговарав online на училишните обврски, слушав музика, со моите игравме друштвени игри и во дозволеното време за домашни миленичиња си го шетав кучето.

Кои се најважните животни лекции кои ги научи од пандемијата?

Научив многу нови работи, но и се потсетив на старите. Како велат, повторувањето е мајка на знаењето (се смее). Главната животна лекција што ја научив од целата оваа ситуација е да си го чувам своето здравје и дека времето поминато со моето семејство е бесценето.

lina-pejovska-na-duetot-so-tasko-imame-neverojatni-4-milioni-pregledi-na-jutub-chuvstvoto-e-neverojatno-02.jpg

Дали беше некаде на одмор ова лето?

Да, бев малку да се прошетам и како за промена оваа година ја истражував нашата преубава Македонија, од исток до запад. Навистина си го потврдив фактот дека имаме неверојатни убавини со кои можеме да се гордееме. Никаде не е поубаво од дома.

Од неодамна излезе твојата нова соработка со раперот Таско за песната „Nevaljala” и за неполни два месеца достигна неверојатни 4 милиони прегледи на Јутуб. Какво е чувството да имаш толкава бројка на прегледи и дали воопшто очекуваше дека ќе ви донесе голем успех?

Чувството е неописливо. Како во оваа индустрија, па така верувам и во секоја друга е важна поврзноста со клиентите, потрошувачите, во мојов случај со обожавателите. Кога тие ќе нѐ оценат со толкава бројка на гледаност, тоа е огромно признание. Ние некако имавме силно претчувство дека песната ќе добие големо внимание. 

Бидејќи имаш и српски верзии на своите песни и доста често се слушаат во соседна Србија, дали досега си размислувала да направиш дует со некого од таму или можеби некој веќе те има искомуницирано?

Секако дека веќе нешто се готви зад сцената. За дует со некој пејач од соседна Србија не само што сум размислувала, туку имам и остварено контакти, а за финален продукт се во свое време. Вие ќе бидете првите кои ќе ја имаат информацијата.   

Дали е отворена можноста да направиш соработка со некој друг изведувач од македонската сцена? Како си расположена за женски дует?

Генерално, реткост е да се видат соработки на нашата сцена, а всушност тоа го прави уште поинтересен и креативен сечиј пат во музичката индустрија. Секогаш е отворена можноста за соработка со некој наш изведувач, па дури супер би било тоа да биде и женски дует, но сега за сега немам ништо такво на повидок.

За време на пандмијата си го прослави и роденденот. Конечно стана полнолетна, па кои се советите кои ти ги дадоа најблиските роднини и пријатели?

Ја имав таа среќа под ѕвездите да си го прославам роденденот во домашни услови, но тоа е што е. Оваа роденденска бројка е значајна за секој кој постепено преминува во светот на возрасните, а со тоа си доаѓаат нови одговорности и посериозен пристап кој одредени животни поглавја. Најблиските како и секоја година единствено нешто што ми посакуваат е да сум жива и здрава, среќна и успешна. Всушност, тоа е најважно. 

lina-pejovska-na-duetot-so-tasko-imame-neverojatni-4-milioni-pregledi-na-jutub-chuvstvoto-e-neverojatno-03.jpg

Кој подарок е одличен погодок за тебе? 

Подарокот е неблагодарно да го бирам, бидејќи тоа е избор на оние што сакаат ме изненадат, а јас навистина уживам во тоа. Ги оставам да бидат свои. Јас сум човек кој се радува на се, па секој подарок е полн погодок за мене.

Чија кариера ти е животна инспирација?

Ја следам кариерата на секој артист и пејач, бидејќи едноставно ме интересира нивниот животен пат. Досега лично не сум се поврзала со ничија друга кариера, па појдено од таму, не можам да кажам дека постои такво нешто. Секогаш се испирирам од својот професионален пат. Со сите мои доблести и маани, труд и работа, верувам во достигнување на мојата успешна кариера.

Колку е тешко или лесно да се добие твојата доверба, особено ако се работи за личност од твојот тим (фотограф, шминкер)?

Мислам дека секој сака до себе да има квалитетен тим, професионален пред сѐ, на кого може да се потпре и да му верува. Најтешко е да ви се вклопат енергиите, да се читате и едноставно работата да ви е задоволство. Со мене не знам дали е тешко или лесно, но знам дека во моментот имам тим кој е изграден на едно многу високо ниво на доверба.

Често ја споменуваш сестра ти во некои интервјуа, па може ли да ни кажеш каква улога игра таа во твојата професионална кариера?

Кога станува збор за некои професионални ангажмани сестра ми е секогаш до мене. Не дека ми е сестра, туку навистина на неа можам најмногу да се потпрам во такви моменти. Го следи секој мој чекор. Таа навистина ми е најголема поддршка, генерално секогаш е во сенка и од неа ги добивам и најдобрите совети, критики и насоки. 

lina-pejovska-na-duetot-so-tasko-imame-neverojatni-4-milioni-pregledi-na-jutub-chuvstvoto-e-neverojatno-04.jpg

Кои се најчестите прашања што ти ги поставуваат обожавателите на твојот Инстаграм профил?

Обожавам кога се дружам со нив, знаат да ме насмеат, да ме расположат и да ми го направат денот. Најчесто ме прашуваат прашања од типот: кога нова песна, кога ќе имам настап, да испеам некоја песна и ред други прашања. Секогаш се трудам да им одговорам навремено, зависно од времето со кое располагам. Најдобри се, ги сакам!

Дали некој од обожавателите може да ти стане момче? Си размислувала на оваа тема?

Никогаш не сум размислувала, но знам дека се случува. Љубовта не можеме да ја контролираме. Може да се случи кога најмалку очекуваме. Ако ви кажам дека нема шанси да се случи тоа, веќе Универзумот ќе ми се смее во позадина. Кој знае? Сѐ е можно.

Дали веруваш во случајност или судбина?

Често ми го поставуваат ова прашање, но некако сѐ ме наведува да мислам дека станува збор за случајност. Некако не ми е уверливо дека се е испланирано однапред. Тоа навистина би било лудо (се смее).

Кога можеме да очекуваме нова песна во блиска иднина?

 Секако ќе има нова песна. Веќе спремам нешто, се надевам дека тоа ќе биде во блиска иднина. За сѐ друго како и досега навремено ќе бидете известени.

Фото: Бојан Стоилковски

Би можело да ве интересира:

Слаткар и Тони Зен со нов хит: „Наша 10-та заедничка песна, да ни се множат“ „Милион лета“ е новата песна на Слаткар и Тони Зен која воедно е и нивна 10-та с...
Преработки на македонски песни кои будат носталгија - Кои хитови добија модерни верзии? Тамара ја препеа „Шила“ од Маја Оџаклиевска, Каролина испеа своја верзија на пес...
Стефан Спироски од Струга ја освои наградата „Најдобра поп песна“ на Охрид Фест Младиот Стефан Спироски од Струга веќе подолго време се занимава со музика од св...
Лена - нов музички артист на нашата сцена Нашата земја е преполна со музички таленти и ни е навистина драго што имаме квал...
10 евровизиски настапи со најголема гледаност на Јутјуб (првиот има 173 милиони прегледи) Настапот на Лорин од 2023-та година има над 23 милиони прегледи, што е за 150 ми...
Теа Трајковска и Таско со главни улоги во крими-филмот „Сатурн” (видео) Без дилема Теа Трајковска и Таско го имаа еден од највпечатливите настапи на ово...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg