„Со тебе под еден чадор да се стиснам“ – 15 години од албумот „По тебе“ на Тоше Проески
Во 2005 година, Тоше Проески го издаде неговиот петти студиски албум. „По тебе“ е издаден низ целата територија на поранешна Југославија, на македонски и српски јазик („Pratim te“), и ќе остане запаметен како еден од најуспешните албуми не само на Тоше, туку генерално во рамките на Македонија.
Албумот брои 11 песни од кои речиси сите станаа хитови – истоимената „По тебе“, „Малечка“, „Громови на душа“, „Лошо ти стои“, „Полско цвеќе“… многу веројатно е дека се сеќаваме сите на стиховите, од збор до збор.
Над 170.000 копии од албумот се дистрибуирани низ Македонија, Србија, Црна Гора, Хрватска, Словенија и БиХ, правејќи го Тоше една од најголемите балкански ѕвезди.
Вечно ќе ни недостига неговиот глас и самиот Тоше како човек. За среќа, го имаме најголемото богатство кое ни го остави – неговите песни.
Да се потсетиме на „По тебе“ и уште неколку хитови од истоимениот албум:
(О)Милена | Црнобело