„Candle in the Wind“ на Елтон Џон во спомен на принцезата Дијана - кому се посветени светските хитови?

„Isn't She Lovely“ - Стиви Вондер

Пејачот кој освои Греми награда во 1976 година со песната „Isn't She Lovely“, секогаш ќе има посебно место во нашите срца, но дали знаевте дека песната е всушност напишана за да ја прослави својата ќерка Аиша?

„I'll Be Missing You“ - Пи Диди

Во 1997 година раперот Пи Диди преку својата песна му оддаде почит на неговиот најдобар пријател, покојниот рапер Ноториус Б.И.Г., кој беше трагично убиен истата година.

Песната „I'll Be Missing You“, која всушност е преработка на хитот од 1983 „Every Breath You Take“, се продаде во над 8 милиони примероци ширум светот, па дури и освои Греми награда.

„Someone Like You“ - Адел

Еден од најизвонредните женски вокали, Адел е позната по своето специфично и маестрално пренесување на емоциите.

Песната „Someone Like You“, таа ја напишала со посвета кон нејзиното поранешно момче, за кое верувала дека ќе се омажи. По една и пол годишна врска, тие се разделиле и секој тргнал по својот пат.

Во поглед на прекинот на нејзината врска, таа изјави:

„Бев навистина емотивно исцрпена, но сепак тој беше најважната личност во мојот живот. Затоа, сметав дека би било исправно кон самата себе, како и кон него и деновите кои ги поминавме заедно, да напишам песна. Откако го направив тоа, се чувствував ослободено“.

„You're Beautiful“ - Џејмс Блант

Веројатно не постои некој што досега не ја чул оваа прекрасна балада.

Всушност, блиски извори на Џејмс тврдат дека таа е настаната по случајна средба со неговата поранешна девојка.

Најпрвин, тој ги демантирал овие изјави, за нешто подоцна во емисијата на Опра Винфри да изјави:

„Песната ја опишува средбата со мојата поранешна девојка. Ја сретнав во лондонското метро, со нејзиното ново момче, за кого воопшто и не бев запознаен дека постои. Погледите ни се сретнаа и во моментот целиот мој живот ми пројде низ глава, но не направив ништо. Оттогаш не сме се сретнале“.

 

„Wonderwall“ - Oasis

Песната „Wonderwall“ претставува едно од најголемите остварувања на бендот Оејзис.

Имено, приказната вели дека оваа песна ја напишал гитаристот Ноел Галахер, кој сам изјавил дека песната ја посветил на својата девојка, а по раскинувањето го демантирал истото.

Мила М. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Нова песна и спот на Дупер: „Кажи ми во лице“ Скопје, 05.01.2024 – Борис Какуринов и Илчо Нечовски очигледно го имаат тајниот ...
Македонски песни совршени за прв свадбен танц Песната за првиот свадбен танц треба да биде романтична, да допре до срцата на п...
D’Reamers ја објавија нивната седма песна насловена „Мали нешта” Бендот D’Reamers ја промовираше нивната нова песна наречена „Мали нешта”. Таа е ...
„ЗОРА” - ново парче модерна македонска музка од ДААН во соработка со К.Ј од дуото Како Браќа Во саботата на 21ви Септември ДААН го промовираше својот најнов сингл со наслов ...
Наташа Миха објави песна со видео запис снимен во Кина - слушнете ја „Тука со мене“ Македонската пејачка Наташа Миха објави нова песна, насловнеа „Тука со мене“, ка...
Антониа Гиговска со нов имиџ порачува: „Право машко знае како треба“ Пејачката ја изненади јавноста со кратката руса коса, па испрати порака дека „пр...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg