Група Мерак: На старите македонски песни им дадовме нов модерен звук
Познатите македонски песни Една песна, Мајка на Марика, Дојди ми Лено, Чудна жена и Бисера, ги препеаја членовите на групата Мерак со вистински мерак за сечие уво.
„На нашата публика сакавме да и подариме стари македонски песни кои се вистински хитови. Како група ги препеавме и им дадовме еден нов модерен звук преку нашите вокали и инструменти. Како група во следниот период ќе работиме на создавање на уште две преработки кои наскоро ќе ги промовираме, до тогаш уживајте во видео записите на старите македонски песни“ вели Марио Стојановски, Група Мерак.
Шестчлената група Мерак е составена од хармоника Марио Стојановски, дувачки инструменти Стефан Стојановски, клавијатури вокал диџеј, Бланка Тони, клавијатури вокал, Даниел Максимов и виолина, Димитар Михајловски и тапани Игор Николовски. Сите членови на групата се професионални музичари, имаат долгогодишно музичко искуство и настапи низ државава.
Видеа:
Мајка на Марика
https://www.youtube.com/watch?v=aAbFKgaK-LI
Дојди ми Лено
https://www.youtube.com/watch?v=5rN5AJJNxKI
Чудна жена
https://www.youtube.com/watch?v=3Z48T8NgRLk
Една песна
https://www.youtube.com/watch?v=5Ske1gfKEMY
Бисера
https://www.youtube.com/watch?v=IUV7Tm2pMrA