Калиопи со спектакуларен настап, Лозано зема награда, Тамара во улога на водителка – MAC наградите во Србија
Вчера во Stark арената во Белград се одржаа MAC наградите, каде најголемите музички имиња од регионот, но и оние помлади таленти, ги славеа своите успеси.
На музичката церемонија, нашата Тамара беше дел од тимот на водители, Калиопи имаше спектакуларен настап, а Лозано си замина со награда во раце.
Тамара Тодевска веќе е докажана на музичко поле, па на MAC наградите во Србија се проба во водителските води, а се снајде одлично во улогата.
https://www.instagram.com/p/B71u4FJhOKo/
Тамара очигледно уживаше додека го водеше настанот, на Инстаграм сподели фотки заедно со ѕвездите од регионот, а помеѓу гостите беше и нејзината пријателка Катарина Ивановска.
Тијана Дапчевиќ пак, зема награда за преработката на годината заедно со Фрајле, за песната Negativ, која „стана полнолетна“.
За песната „Мајко“, која допре до многу срца, Влатко Лозановски зема награда во категоријата Поп/Фолк нумера.
Калиопи пак, беше дел од изведувачите кои имаа можност да настапат на сцената на MAC наградите и очекувано, направи „растур“ со спектакуларен настап.
https://www.instagram.com/p/B71wsvyCZsV/
Ако го пропуштивте настанот, може да го изгледате ТУКА.