Даниел Кајмакоски и Ивана Петерс победници во финалето на ТЛЗП - парите ќе ги донираат на 2-годишно момче
Даниел Кајмакоски и Ивана Петерс беа прогласени за победници во финалето на ТЛЗП и дефинитивно ја заслужија наградата, која ќе ја донираат на малечко момче за да ја победи болеста.
Во последната сезона од шоуто со хуманитарен карактер, Даниел заедно со Ивана Петерс ја однесе победата, а вели дека е многу среќен што има можност повторно да помогне, по победата во 2016-та.
Заедно со Ивана тие одлучиле сумата од 25.000 евра да ја донираат на двегодишниот Урош Матошевиќ, за да ја победи болеста и да има среќно детство.
Во финалето тие се претставија со имитација на Нели Фуртадо и Џејмс Морисон со песната Broken Strings, а публиката и жирито беа воодушевени од настапот.
Погледнете го победничкиот настап и прогласувањето: