Што сè прават пејачките за да го зачуваат својот глас?
Да бидете позната пејачка не ви треба само талент, туку треба и да се грижите за вашиот глас.
Со цел да звучат најдобро на своите настапи, професионалните пејачки го тренираат нивниот глас секој ден.
Но покрај вежбите и часовите по пеење, тие користат бројни трикови што им помагаат да го зачуваат нивниот глас.
Во продолжение, погледнете некои од најинтересните:
Пијат сирови јајца
Ако ѝ се верува на народната медицина, лекот за зачувување, но и подобрување на состојбата гласните жици, се сировите јајца.
Се верува дека оваа храна добро го влажни грлото и ги „подмачкува“ лигаментите, па го прави гласот поубав.
Во ова веруваат и професионалните пејачи и пејачки, па голем дел од нив консумираат сирови јајца пред настап.
Наводно, најдобро е да се испие едно јајце наутро и едно навечер. Доколку сакате да го пробате овој трик, осигурете се дека јајцата се свежи и квалитетни.
Естетско подмладување на гласните жици
Естетската хирургија станува сè попопуларна, па не е ни чудно што денес постои дури и подмладување на гласните жици.
Ова е хируршка интервенција при која од стомакот се вади сало, кое потоа се пресадува на гласните жици.
Масните клетки од салото на стомакот произведуваат естроген, хормон што ги подмачкува гласните жици. Ова, пак, резултира со посилен и почист глас.
Најпрво методот се појавил во Америка, но во последно време се прославува и во Европа и другите држави.
Избегнуваат чоколадо
Изгледа дека чоколадото е голем непријател на гласните жици. Па доколку сакате музичка кариера, изгледа ќе треба да се откажете од ова задоволство.
Всушност, чоколадото е можеби најлошата храна што пејачите можат да ја консумираат пред настап.
Причината е што тоа содржи многу шеќер и кофеин - состојки што имаат лошо влијание врз гласните жици.
Шеќерот може да се „заглави“ во грлото и да го зголеми лачењето слуз, што пак го прави гласот непривлечен.
Од друга страна, кофеинот ја исфрла водата од организмот, а ова предизвикува сувост во грлото и усната празнина.
Покрај чоколадото, пејачите и пејачките не пијат ни кафе пред настап.