Што сè прават пејачките за да го зачуваат својот глас?
Како познатите пејачки се грижат за својот глас?
И покрај неколкуте познати трикови, секоја пејачка си има свој метод што ѝ помага да го негува својот глас.
Лејди Гага
Лејди Гага пие шише вода и чај пред настап, за да го хидрира нејзиниот глас.
Исто така, пејачката бара секогаш да има достапно вода и за нејзините танчари и бек вокали.
Мараја Кери
Поп дивата не бара еден, туку два прочистувачи на воздух во нејзината соблекувална.
Мараја сака пред настап, нејзините бели дробови да се полнат само со квалитетен воздух.
Бијонсе
Бијонсе го има можеби најнеобичниот ритуал пред настап.
Пејачката секогаш јаде зачинето печено пилешко и сака температурата во нејзината соблекувална да биде 25,5 степени Целзиусови.
Наводно, ова е идеалната температура за одржување на топлината на гласот.
Спирова С. | Црнобело