Даниел Кајмакоски ја промени бојата на гласот како Петар Грашо во „Твоето лице звучи познато“
Во третата епизода од новата сезона на познатото шоу „Твоето лице звучи познато“, Даниел Кајмакоски го отпеа хитот „Ako te pitaju“ на Петар Грашо.
А, за квалитетен пејач како што е Даниел, ова веројатно и не било толку тешко.
Интересно е што гласот на Даниел е многу понежен, но пејачот успеа да ја промени бојата на својот глас, за навистина да звучи како Грашо.
Овојпат настапот беше поедноставен и на сцената беа само Даниел, кој свири на пијано, и една танчарка. Даниел дури имаше и брада, за повеќе да наликува на хрватската ѕвезда.
Како и секогаш, жирито, но и публиката беа навистина задоволни од настапот на Даниел.
Погледнете го целиот настап во продолжение:
https://www.youtube.com/watch?v=ZJD1Vp210gA
Спирова С. | Црнобело