Јас сум, Ние сме – ДС Колектив
Веќе познат звук, во ново пакување, овој пат во албум издание на ДС Колектив. Јас сум, Ние сме е насловот на албумот кој вчера премиерно беше промовиран во Скопското кафуле Мартини.
Модерно, различно и со квалитетен звук, вака беше дочекан и спотот за песната „Повторно замина“ во соработка со Раде Кекеновски и Елена Васова кој исто така ја доби својата премиера.
Уметници, пејачи, новинари и пријатели беа дел од вчерашната атмосфера на која Стефан Сајковски – ДС Колектив се заблагодари на сите кои го поддржуваат и кои како што тој вели му помогнале да го заврши своето првенче.
„Би сакал да кажам дека ќе одморам, ама веќе од утре сме на снимање на нов спот. Имавме бурен период им благодарам на The Media, на Кристиан Шемко, на Елена, Раде, Матеј, Елени. и сите оние коишто се наоѓаат на овој албум и на сите коишто придонесоа за сето ова да се случи.“, изјави Стефан.
Во продолжение погледнете го видео записот за „Повторно замина“: