Ќерката на Џеј Ло ја глуми помладата верзија на својата мајка во спотот за „Limitless“ кој испраќа моќна порака
Џенифер Лопез ја заокружи 2018-та година со уште еден музички успех, овој пат во „соработка“ со нејзината ќерка.
Пејачката го објави видео спотот за „Limitless“, новата песна од „Second Act“, филмот во кој таа глуми и сите го очекуваме.
Ова е првиот музички спот во режија на Џеј Ло, а видеото раскажува моќна приказна за успех и посветеност, во кој се појавува и нејзината ќерка Еми, која ја глуми помладата верзија на нејзината славна мајка.
10-годишната Еми и 49-годишната Лопез во спотот се качуваат по рид, по трнлив и тежок пат, одбивајќи да се откажат и упатувајќи се кон врвот.
Ќеркичката изведува и некои од познатите танцувачки движења на нејзината мајка, со што докажа дека има потенцијал за ѕвезда.
„Таа беше толку прекрасна и бев многу горда. Заборавив дека го режирам моето прво видео, бидејќи сè ми се вртеше околу неа.“ – изјави пејачката со насолзени очи во шоуто на Џими Фелон. (од 2-ра минута)
Видеото е охрабрувачко за сите жени, бидејќи зборува за незапирливост и не откажување додека не се постигне целта, па испраќа одлична порака до сите, а во исто време претставува прекрасна поврзаност помеѓу славната мајка и нејзината ќерка.
Погледнете го спотот: