Песни на Linkin Park кои добиваат сосема друга смисла по смртта на Честер
Честер Бенингтон во песните пренесуваше чисти емоции, поради кои ги сакавме сите можни албуми кои Linkin Park ќе ги издадеа. Но, минатата година сè се промени.
Честер стана уште еден во многуте рок-ѕвезди кои решија прерано да го завршат својот живот.
Тој во својата музика пренесуваше сè што му се случува - и животните предизвици, зависностите, здравјето и секако, борбата со депресијата.
По неговата смрт, фановите на текстовите гледаат многу поинаку и наоѓаат скриени пораки и сфаќаат колку всушност биле брутални сиховите.
Heavy (2017)
Стиховите се напишани од разговорите на членовите, за проблемите кои ги имале во своите животи.
„Се воздржувам, но зошто сè е толку тешко? / Држам многу повеќе отколку што можам да носам...“
Somewhere I Belong (2003)
„Сакам да се излечам, да го почувствувам она што мислев дека не е реално; / Сакам да се ослободам од болката што ја чувствувам толку долго.../ Да се излечам, да почувствувам дека наближувам до нешто реално / Да најдам нешто што толку многу го сакам, место каде припаѓам...“
;Breaking the Habit (2003)
Песна за која многумина мислеа дека ја напишал Честер, но всушност е текст на Мајк Шинода, посветена на пријател зависник, долго пред да го запознае Честер.
;In the End (2003)
Песна која Честер всушност не ни сакал да се најде на албумот „Meteora“, но подоцна сфатил дека за првпат во животот воопшто не бил во право.
;Crawling (2000)
За оваа песна, Честер кажал дека му е најтешко да ја пее во живо, бидејќи во тоа време, кога е снимена, неговиот живот се распаѓал, се разведувал и бил длабоко зависен од алкохол и дрога.
„Не е кул да си алкохоличар, не е кул да пиеш. Кул е да бидеш рехабилитиран“, кажал тој своевремено.
Е. Д. | Црнобело