Девојчето со глас како Џенис Џоплин разочарано излезе од финалето на „Америка има талент“
Кортни Хадвин е девојчето кое од аудиција влезе директно во финалните натпревари, поради тоа што судиите го оценија нејзиниот талент достоен за златното копче.
14-годишната Кортни уште од сам старт на Америка има талент беше еден од најголемите фаворити, но доживеа огромно разочарување по синоќешното шоу, во кое заврши на шестото место и излезе од трката во финалето.
Тајра Бенкс ја утеши дека треба да биде горда на себе, но разочарувањето се гледаше на лицето на малото девојче кое пред само неколку месеци беше споредувана со големата Џенис Џоплин.
Најновите настапи кои не ѝ обезбедија пласман во финалето:
https://www.youtube.com/watch?v=2bCG1Aef1fc
https://www.youtube.com/watch?v=N_Llt5E8YDE
Потсетете се и на нејзината фантастична аудиција.
М. Д. | Црнобело