Се чувствувате стари? Хитот на Бритни Спирс „Baby One More Time“ прослави 20 години
Кога легендарниот текстописец Макс Мартин ѝ ја пуштил демо верзијата на „...Baby One More Time“, Бритни Спирс веднаш знаела дека песната ќе стане хит.
Но, не очекувала дека нејзиниот прв сингл ќе го поплочи патот до толку славна кариера и дека е почеток на една револуција во поп-музиката.
Во интервју за „Гардијан“, 36-годишната пејачка зборува за својот прв голем хит кој наполни неверојатни 20 години од објавата.
„Знаев дека тоа е сјајна песна. Беше поразлична од сè дотогаш и ми се допадна, но мислам дека не можете да знаете однапред како луѓето ќе ја доживеат“, изјавила поп пејачката.
Песната почетно им била понудена на групата TLC, на Five, како и на пејачката Робин, но сите ја одбиле. На крајот, стигнала во рацете на Бритни.
„Бев многу млада и на состанокот бев нервозна, но Мартин беше прекрасен и опуштен“. Песната ја снимила во неговото студио во Шведска.
„Бев воодушевена од Шведска. Престојував 10 дена таму, иако поголемиот дел од времето морав да го поминам во студиото, па не можев да го истражувам градот. Тоа беше забавен период“, се потсетува Бритни, кога тогаш имала само 16 години.
Песната, која според ѕвездата го прикажува „стресот низ кој поминуваме сите во тинејџерскиот период“ е продадена во повеќе од 10 милиони примероци и таа сѐ уште ја изведува на своите турнеи.
Потсетете се како звучеше и изгледаше Бритни Спирс со својот прв хит-сингл на само 16 години:
… а потоа потсетете се и на другите хитови од нејзиниот прв истоимен албум кој официјално излезе во 1999 година:
You Drive me Crazy
Sometimes
Born to Make You Happy
(О)Милена | Црнобело