There are not feed items to display.
  • Check if RSS URL is online
  • Check if RSS contains items


„Отидов без посебни очекувања, се вратив со куп искуства“ - Доживувањата на фестивалот Copenhell во Данска

Го сакам летото, затоа што тогаш фестивалската сезона е најактивна. Насекаде низ светот се одржуваат различни фестивали, кои успеваат да задоволат сечиј вкус.

dozivuvanjata-na-festivalot-copenhell-vo-danska_12.jpg

Неодамна, имав можност да присуствувам на еден од најголемите хеви-метал фестивали во Данска, именуван како Copenhell, кој се одржа од 21 до 23 јуни.  

Фестивалот е толку познат, кој од почетокот на 2010 година, па сé до денес успева да ги привлече хеви-метал фановите во и надвор од границите на Данска.

Како и секоја година, Copenhell се одржува на полуостровот Refshaleøen, и претставува епицентар на фестивалското збиднување. Тоа е индустриски простор и некогашно пристаниште каде се случуваат најлудите нешта, каде бруталните децибели од четирите бини ечат и го „реметат“ мирот на Копенхаген.

Кампот со илјадници шатори е исто така забавен дел, кој рака под рака, оди со остатокот од организацијата на самиот настан.

dozivuvanjata na festivalot copenhell vo danska 7

Главната цел на Copenhell претставува споделување на квалитетна музика пред публиката, промовирање на нови музички имиња кои ветуваат и секако, да се „тресе глава “на легендите од хеви-метал сцената.

Првиот ден од Copenhell  промина одлично. Прогнозата велеше дека ќе врне, но сепак ниту една капка дожд не падна за време на музичките настапи. Иако бев сам, немав проблем да се вклопам во 23.000 посетители, кои беа дојдени од цела Скандинавија.

Имав можност во живо да ги слушнам Parkway Drive, Asking Alexandria, Nightwish, Arch Enemy, Avenged Sevenfold, Bullet For My Valentine... Тоа се бендови, чии настапи навистина ја воодушевија публиката и зрачеа со енергија.

Поради силниот ветер, дел од бендовите не беа во можност да ги постават своите специјални ефекти и пиротехника, така што визуелното уживање беше на едно пониско ниво, но затоа од звуковна перспектива беа совршени.  

dozivuvanjata na festivalot copenhell vo danska 5

dozivuvanjata na festivalot copenhell vo danska 5

dozivuvanjata na festivalot copenhell vo danska 5

Мислам дека вториот дел имаше најмногу посетеност, посебно поради настапот на легендарниот Ozzy Osbourne, чиј настап го означи Copenhell.

Преку ден, додека атмосферата сé уште се загрева за ноќните концерти, присутните имаа можност да се забавуваат со различни активности и да консумираат алкохол во големи количини. Пивото, секако дека беше главниот згаснувач на жедта.

Она што мене најмногу ми остави впечаток е одделот каде што се наоѓаа стари автомобили и каде посетители со големи чекани можеа да удираат по нив и да ги кршат. Истата вечер, Alice In Chains, Kreator, Danko Jones, Deftones и многу други беа бендовите кои свиреа за публиката.     

dozivuvanjata na festivalot copenhell vo danska 2

На Copenhell заминав без некои посебни очекувања, а се вратив со еден куп нови искуства. Таму сретнав толку многу различности на едно место што одамна немам видено сличен привид.

Последанта вечер веќе се познаваше уморот на камперите, но цврсто издржаа до самиот крај на фестивалот.

Steel Panther, W.A.S.P., Helloween, Ghost, Alestorm, Sodom беа групите што го затворија овогодинешното издание на данскиот фестивал.

dozivuvanjata na festivalot copenhell vo danska 1

Copenhell веќе стана традиција за многу металци и едно од нивното главно доживувањe секое лето. Како тргнале работите, овој дански фестивал може да стане еден од водечките хеви-метал фестивали во Северна Европа.

Наредната година Copenhell ќе се одржи од 19 до 22 јули и воедно ќе го слави својот десетти роденден со слоганот Celebrating Ten Years In Hell.

dozivuvanjata na festivalot copenhell vo danska 10

dozivuvanjata na festivalot copenhell vo danska 10

dozivuvanjata na festivalot copenhell vo danska 10

dozivuvanjata na festivalot copenhell vo danska 10

Автор: Евгениј Хоуп | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Ивона Јо: „Несебично ви ја подарувам 'Себично' - Нека стигне до секоја душа што пати и боли“ Ивона Јо имаше маестрална изведба на овогодинешниот Макфест, каде што се претста...
Тамара Груејска сними спот за песната „Само насмевни се“ (видео) Тамара Грујеска го сними новиот спот на песната „Само насмевни се“, дело на Робе...
Антониа Гиговска инспирирана од вистински животни приказни: Слушнете ја моќната „Жена” (видео) Бура од позитивни коментари после одличното претставување на младата музичка ѕве...
Нов сингл и видео: „Ван Гог“ ја претстави песната „Луд и сам“ Ѓуле: „И не ми е жал што летаат годините, кога сѐ уште истата глад за живот...
Ана Петан на „Белградска пролет“ со песна од Копров „Балада за анѓел“ е песна на Григор Копров, со аранжман на Стефан Петановски а п...
Дарко Андонов ДААН во дует со младата Тијана Периќ го промовираа новиот сингл „Кога знам“ – освежува... Дарко Андонов или попознат како ДААН заедно со младата Тијана Периќ вчера (03.04...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg