Фестивали, омилени бендови и кул луѓе - Настани кои вреди да ги посетите летово
Некој да не спомна музика? Кога би ме прашале мене, да сум во можност би го посетил секој фестивал кој ќе ми го привлече вниманието. Но, периодов и не е така лошо, кога знаеме дека барем неколку огромни настани се на повидок во Македонија и соседството.
Ако сé уште се двоумите каде сакате да отпатувате во наредните недели, можеби оваа листа на фестивали ќе ви помогне да си го продлабочите летово и да се наполните со искуства и доживувања:
Д-Фестивал (06-08 јули – Дојран)
На почеток од јули нè чека ако не и една од најинтересните „дешавки“ во државата. Мора да признаеме дека комбинацијата е кул, зошто нешто слично ретко се случува кај нас.
Музика и фестивалска атмосфера заедно со илјадници посетители, четири бини и камп.
Paul Van Dyk, Disciples, Fink, Горан Трајкоски, SEVDALIZA, Who See... и многу други изведувачи ќе бидат на Д-Фестивал за да нèз абавуваат!!!
Rockwave Festival (6, 19, 20 јули - Атина, Грција)
Еден од најпознатите фестивали во Грција е Rockwave Festival, кој традиционално се одржува од 1996 година, но популарноста ја стекнува дури во 2004 година, кога ќе се пресели на нова локација, TerraVibe Park.
На 6-ти јули Arctic Monkeys ќе бидат ѕвездите на вечерта, а две недели подоцна, на 19 јули Judas Priest, заедно со Saxon, Accept ќе бидат бендовите кои ќе свират пред илјадници посетители.
Ден подоцна, 20 јули, Iron Maiden, како и Volbeat, Tremonti и The Raven Age ќе „рокаат“ на главниот стејџ.
Hills of Rock (20-22 јули – Пловдив, Бугарија)
За оние кои сакаат да уживаат во хеви-метал звук, тука е фестивалот Hills of Rock во Пловдив. Еве каде е Бугарија, па логички е дека овој настан не смее да се пропушти.
Да се гледаат Sabaton, Iron Maiden, Judas Priest… во рок од три дена воопшто не е мала работа. За некого овој фестивал може да биде најлудо доживување летово!
Автор: Евгениј Хоуп | Црнобело