Најубавите романтични рок песни кои веројатно не сте ги слушнале досега
Општо е познато дека кога метал бенд ќе направи балада, тоа е најубавото нешто што постои, иако многумина се сомневаат во тоа.
Колку и да не сакате гитарска музика, „Nothing else matters“, „Don't cry“ и „I Don't want to miss a thing“ се песни кои сигурно ја допреле вашата емотивна страна.
Во продолжение 5-те најубави романтични рок песни кои веројатно не сте слушнале:
Alter Bridge - Watch Over You
Alter Bridge е Американски состав и е многу познат низ целиот свет, а за жал во Македонија сè уште нема доволно обожаватели.
Ова им е една од најубавите песни во нивната дискографија, и е една од најнежните песни на сите времиња.
Racoon - Love You More
Racoon е холандски бенд, кој никогаш не достигнал светска слава. Ова е една од најубавите песни кои можете да ги посветите некому.
Comes With The Fall - White Hot
Уште еден aмерикански состав на листата, чиј пеач во моментов е член на групата Alice in Chains. Оваа песна е прекрасен начин да ѝ искажете љубов на вашата сакана.
Nick Cave & Kylie Minogue - Where The Wild Roses Grow
Ник Кејв и Кајли Миног се можеби најпознатите луѓе на листава. Нивната соработка доведе до една од најубавите балади на сите времиња.
Уживајте со оваа песна на вашиот следен романтичен состанок.
Myles Kennedy - Love Can Only Heal
Мајлс Кенеди е пеач на Alter Bridge, кој настапува и соработува со легендарниот гитарист на Guns 'N Roses – Слеш. Оваа песна е дел од неговиот соло албум, кој излезе годинава.
Можеби не станува збор за романтична песна, но оваа нумера, исто како и љубовта за која се пее, може да ја излечи вашата душа за пет минути.
еНВи | Црнобело