Дали сте знаеле? - Во „Липе цвату“ свирел нашиот виртуоз на гајда Пеце Атанасовски
Ова е интересен податок кој сепак не им е познат на многумина. Гајдата која одекнува во (речиси) секому омилената „Липе цвату“на „Бијело дугме“ е на нашиот најпознат виртуоз на гајда, Пеце Атанасовски.
Осмиот албум по ред на „Копчињата“ е издаден во 1984 година. Тој нема специфичен наслов, но многумина го нарекуваат уште „Косовска девојка“ поради интересната корица, односно графичкиот мотив на плочата.
Ова е воедно првиот и единствениот албум на „Бијело дугме“ со Младен Војичиќ-Тифа кој доаѓа како главен вокал на местото на Жељко Бебек, а пред Ален Исламовиќ.
Шестата песна по ред на албумот со оригинален наслов „Lipe cvatu, sve je isto k'o i lani“ беше и сè уште е огромен хит од тие времиња.
Текстот и музиката се на Горан Бреговиќ, но што би била песната без гајдата и изведбата на нашиот незаборавен и неповторлив Пеце Атанасовски?
Слушнете ја една од најпопуларните песни од поранешните ЈУ-простори со македонски зачин:
(О)Милена | Црнобело