Дали гледањето на Евровизија ве прави среќни или несреќни?
Какви емоции побудува во вас гледањето на ова натпреварување? Дали ве фаќа еуфорија и убава енергија?
Не потценувајте го влијание на ова музичко натпреварување и вечерва во 21 часот седнете да го гледате финалето на Евровизија, иако Македонија не е еден од финалистите.
Без разлика дали уживате во убавите балади и смирените настапи или пак во ексцентричните изведувачи и динамичните песни, истражувачите на Универзитетот во Лондон дојдоа до заклучок дека ова музичко натпреварување го зголемува чувството на задоволство од својот живот.
Тие анализираа податоци од 160.000 луѓе, кои живеат во 33 европски земји. Податоците се собрани од анкети кои се правени од 2009 до 2015 година.
Истражувачите открија дека луѓето имаат 13 проценти поголема шанса за среќа ако нивната држава се натпреварува, отколку оние луѓе чија земја не се натпреварува.
Задоволството пак е за 4 проценти повисоко кај жителите на оние европски земји, чии претставници успеале да влезат во финале.
Што мислите вие за ова истражување?
С. С. | Црнобело