Која е огнената Елени Фуреира и има ли шанса за победа на Евровизија според обложувалниците?

По првата полуфинална вечер на 63-тото издание за избор на најдобра песна на Евровизија која се одржа на 8 мај, Кипар се искачи на првото место со историски шанси за можна победа на најпознатиот европски музички фестивал.

Koja-e-Eleni-Fureirio-i-ima-li-sansa-za-pobeda-na-Evrovizija-01.jpg

Причината поради тоа е секако пејачката која ги претставува, Елени Фуреира која во целост го оправда името на песната – „Fuego“ или „Оган“ преведено од шпански.

Огнена, смела, талентирана и сексапилна, Елени буквално владееше на сцената и ја заокружи првата полуфинална вечер со настапот, кој иако беше последен по ред ѝ го донесе првото место за можна победа според коефициентите на обложувалниците.

Koja-e-Eleni-Fureirio-i-ima-li-sansa-za-pobeda-na-Evrovizija- (2).jpg

Koja-e-Eleni-Fureirio-i-ima-li-sansa-za-pobeda-na-Evrovizija- (1).jpg

Koja-e-Eleni-Fureirio-i-ima-li-sansa-za-pobeda-na-Evrovizija- (9).jpg

Нејзините шанси скокнаа од 11/4 на 5/2 за можна победа.

На второто место по Кипар следува Норвешка, а победата по втор пат се надева да ја однесе Александар Рибак, кој во 2009 година победи на изборот со популарната „Fairytale“.

Миленикот на публиката има 7/2 шанси за победа. Сепак, шансите може да пораснат по одржувањето на втората полуфинална вечер вечерва на 10 мај.

Рибак ги загрозува шансите за победа на претставничката на Израел, Нета. Таа се симна од второто на третото место со коефициент 6/1, додека Франција е на четвртото место според обложувалниците. Француското дуо Madame Monsieur имаат 5/1 шанса за победа.

Конечно, на петтото место неочекувано се искачи Литванија, по одржувањето на првото полуфинале и влезот во финалето. Шансите на 24-годишната Ieva Zasimauskaitė се искачија на 9/1 за победа, иако пред почетокот на настанот тие изнесуваа 100/1.

Ова уште еднаш докажува колку брзо и лесно се менува правецот на евровизиската прогноза за победник.

Иако сите типуваа дека Израелката Нета ќе биде на прво место според обложувачите, Елени успеа да ги засени сите со изведбата и сценскиот настап како јаготка на шлагот во првото полуфинале.

31-годишната пејачка со албанско-грчко потекло ја започнала својата музичка кариера со групата Mystique, а во 2010 година ја запознала својата соло кариера.

Таа е многу популарна и веќе етаблирана пејачка во Кипар и Грција, а некои ја нарекуваат и „Кралица на поп музиката“.

Покрај успешна пејачка, Елени е и актерка, танчарка и модна дизајнерка.

Koja-e-Eleni-Fureirio-i-ima-li-sansa-za-pobeda-na-Evrovizija- (6).jpg

Koja-e-Eleni-Fureirio-i-ima-li-sansa-za-pobeda-na-Evrovizija- (5).jpg

Koja-e-Eleni-Fureirio-i-ima-li-sansa-za-pobeda-na-Evrovizija- (4).jpg

Koja-e-Eleni-Fureirio-i-ima-li-sansa-za-pobeda-na-Evrovizija- (3).jpg

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Марија Данева ги промовираше првата песна и спот (видео) Атрактивната пејачка Марија Данева која публиката ја препознава по моќниот вокал...
25 години по победата на „Макфест“, Јован Јованов со Пајак сними нова верзија на хитот „Магија“ Откако Јован Јованов и групата „Магија“ победија на Макфест 1998 со истоимената ...
Младата пејачка Јана Мрческа ја објави нејзината прва песна Седумнаесетгодишната Јана Мрческа од Прилеп дебитираше на овогодишното издание н...
Мартија Станојковиќ објави нова песна, слушнете ја „Феномен” (видео) Познатата и атрактивна пејачка Мартија Станојковиќ пред неколку дена ги збуни&nb...
Македонката Кики Плиш го доби заслужено првото место на Интернационалниот „Top Singer Search” Македонката од Битола, Христина Јовановска, во јавноста позната како Кики Плиш, ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg