Македонска, бугарска, турска, грчка или албанска - една иста песна за која не може да се одлучи чија е и од каде точно потекнува

Додека седела една вечер во кафеана во Истанбул со своите пријатели од Балканот, бугарската наградувана режисерка Адела Пеева ја добила можеби најдобрата идеја за документарен филм.

Edna-ista-pesna-za-koja-ne-moze-da-se-odluci-cija-e-i-od-kade-tocno-poteknuva-01.jpg

Имено, кога ја слушнала песната од своето детство како се изведува во кафеаната, сите соговорници започнале да си ја потпевнуваат на својот јазик и сите се изјасниле дека оригинално потекнува од нивната матична земја.

Приказната која започнува во Истанбул ќе ги однесе во Македонија, Грција, Србија, Албанија, Босна и Херцеговина и Бугарија.

Сепак, познатата мелодија во секоја од земјите е присутна во многу различни верзии, а сите од мештаните тврдат дека е нивна.

„Чија е таа песна?“ прашува Пеева во интересниот документарец кој ги „чешла“ балканските музички традиции кои најчесто се испреплетуваат. Интересни се емотивните реакции на луѓето во филмот, бидејќи сите се навредени од прашањето.

Секако дека песната е наша, е одговорот на сите, без разлика дали интервјуто се спроведува во Грција, Бугарија, Македонија, Србија или Албанија.

Пеева потенцира 2 моменти – дека оваа песна се одликува со воинствени мотиви, а тактот доаѓа од северна Европа, бидејќи е нетипичен за Балканот.

Чија и да е оригиналната верзија, песната и музиката се создадени за пеење и зближување на народите, а не за ширење омраза, нели?

Слушнете ја песната која добро ќе ја препознаете уште во првите неколку секунди. Веруваме дека секој секој од народите кажал – „Нашата верзија е сепак најубава“, а ние несомнено го тврдиме истото:

Mакедонскатa верзија во изведба на неповторливиот Тоше Проески и Синтезис - Ој девојче, девојче


Песната на турски јазик

Üsküdar'a gider iken (Katibim)


Најпознатата верзија на грчки јазик

Apo xeno topo


Најпознатата српска верзија

Ruse kose

https://www.youtube.com/watch?v=79ogsTMee3Y


Босанската верзија на песната

Oj djevojko Anadolko budi moja ti


Албанската верзија на песната

Mu në bashtën tënde


Погледнете го и трејлерот за песната која очигледно им припаѓа на сите и никому истовремено:

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Нова песна и спот на Дупер: „Кажи ми во лице“ Скопје, 05.01.2024 – Борис Какуринов и Илчо Нечовски очигледно го имаат тајниот ...
Македонски песни совршени за прв свадбен танц Песната за првиот свадбен танц треба да биде романтична, да допре до срцата на п...
Преработки на македонски песни кои будат носталгија - Кои хитови добија модерни верзии? Тамара ја препеа „Шила“ од Маја Оџаклиевска, Каролина испеа своја верзија на пес...
D’Reamers ја објавија нивната седма песна насловена „Мали нешта” Бендот D’Reamers ја промовираше нивната нова песна наречена „Мали нешта”. Таа е ...
"Живее спомен" - новата песна и видео запис на Тамара Волческа На 10.03.2024 година, во 12:00 часот, Тамара Волческа ја промовираше својата нов...
Наташа Миха објави песна со видео запис снимен во Кина - слушнете ја „Тука со мене“ Македонската пејачка Наташа Миха објави нова песна, насловнеа „Тука со мене“, ка...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg