Инспирацијата за култната „Милена генерацијо моја“ била девојка од Неготино

Фронтменот на легендарниот загрепски бенд „Нови фосили“ Рајко Дујмић изјавил дека инспирацијата за култниот хит „Милена генерацијо“ била девојка од Неготино, која ја запознал една вечер на почетокот на ’80-тите години во Херцег Нови.

Inspiracija-za-Milena-generacijo-bila-devojka-od-Negotino-01.jpg

Еден од најголемите хитови на популарниот поранешен-Ју бенд е посветен на Милена од Македонија, поточно од Неготино. Тие ја поминале целата ноќ заедно разговарајќи, а подоцна средбата била преточена во добропознатиот текст од страна на Зринко Тутиќ.

„До утрото седев со една Милена, моја генерација и разговаравме. Ѝ реков – Милена, ќе завршиш во песна. Таа не ми веруваше, мислеше дека тоа ѝ го кажувам на секоја девојка.

Ѝ реков – Сега ќе се разделиме и можеби никогаш повеќе нема да се сретнеме, но ти ќе видиш дека јас не лажам. По 2 години дојдовме во спортската сала во Неготино во рамките на турнејата која го носеше името Милена, генерацијо. Ми пријде обезбедувањето и ми кажа дека ме бара жена со две деца и маж која тврди дека ме познава. Тоа беше мојата Милена. Се расплака и ми рече дека не може да поверува како е ова можно. Ѝ реков дека човекот се држи за зборот, а волот за роговите“ – изјавил своевремено Рајко Дујмић.

Големиот хит „Милена генерацијо“ е дел од албумот „Poslije Svega“ објавен во 1983 година.

Цели 35 години од издавањето, оваа песна останува една од најомилените на балканските простори.

Слушнете ја песната за Милена од Неготино:

https://www.youtube.com/watch?v=jSouEC8BFuI

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Спотот на Ламбе Алабаковски за преработката на „Дејгиди луди млади години“ Ламбе Алабаковски оваа успешна музичка година ја заокружува со својата верз...
Слаткар и Тони Зен со нов хит: „Наша 10-та заедничка песна, да ни се множат“ „Милион лета“ е новата песна на Слаткар и Тони Зен која воедно е и нивна 10-та с...
Шлолските другри се споија и направија музичка уметност: Слаткар и Некст Тајм ја објавија „Океани” (... Се познаваат повеќе од 30 години, ги делеле школските клупи, заедно пораснаа на ...
Преработки на македонски песни кои будат носталгија - Кои хитови добија модерни верзии? Тамара ја препеа „Шила“ од Маја Оџаклиевска, Каролина испеа своја верзија на пес...
Јоце Панов има нова песна на српски, сними дует со Дарко Филиповиќ (видео) Во песната, Јоце и Дарко се борат за љубовта на атрактивна девојка, а таа самата...
Елвир Мекиќ сними дует со Пајак, по повеќе од 10 години пауза - слушнете ја „Негде после два“ На големо задоволство на сите љубители на македонската поп сцена, периодот сведо...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg