Смеа, забава и музика: Кои се најдобрите караоке песни на сите времиња?
Караоке забавите се едни од најдобрите начини како да се наполните со позитивна енергија.
Иако на поголемиот дел од присутните им треба некоја пијачка плус само за да му се доближат на микрофонот, сепак вистината е дека караоке забавите се токму оние на кои најмногу се смееме и полниме со позитивна енергија.
Па, доколку ви дадовме идеја на кој начин да ја организирате вашате следна собиранка со пријателите, во продолжение следи и предлог листа на песни кои не смеете, а да не ги вклучите во караоке репертоарот:
„Suspicious Minds“ – Elvis Presley
Веројатно и самите сте забележале дека ова е најголемиот караоке хит на забавите во речиси секој филм.
Тоа дефинитивно не е случајност, едноставно нема ништо позабавно од тоа да се биде Елвис... Во ред, пијан Елвис.
https://www.youtube.com/watch?v=zuupQFK9oP4
„Bohemian Rhapsody“ – Queen
Со високи оперски тонови залепени на рок позадина, оваа песна е вистински избор за караоке одлепување!
Нема сомнеж дека никој не може да ја испее како Фреди Меркјури, сепак после неколку пијачки секој сака да проба.
„Stand by me“ – Ben E. King
По дуо-изведбата на Тимон и Пумба оваа песна стана вистински караоке хит.
Можеби многумина нема да се согласат, но нема ништо посмешно од тоа да си ги видите двајцата најдобри другари како пијани и полни со емоција, глава до глава силно и гласно пеат на еден микрофон: „SO, DARLIN’ DARLIN’ … STAAAAAND BY MEEEEE…OOOH…“. Бесценето!
https://www.youtube.com/watch?v=VWZhyMsvXRo
„Single Ladies“ – Beyoncé
„Single Ladies“ може да биде супер избор за да ја кренете забавата на едно ниво погоре.
Во комбинација со микрофонот во рака секогаш можете да изведете и навистина креативна кореографија. Па, со оглед на тоа дека сите многу добро знаете за која песна станува збор, во продолжение погледнете идеја како да направите одлична караоке „сценска“ изведба.
„Stayin’ Alive“ – The Bee Gees
Доволно е само да почне песната и сите со фрцкање да се насочат кон микрофонот.
Веднаш почнуваат да се слушаат пискави обиди и одеднаш сите се во фазона: „A-A-A-A STAYIN’ ALIVE, STAYIN ALIVE…“
https://www.youtube.com/watch?v=oQwNN-0AgWc
„500 Miles“ – The Proclaimers
Сакате да и се додворувате на симпатијата, но не знаете како, еве ви идеја! Земете го микрофонот и бидете во свој фазон.
За разлика од многу други оваа песна не бара којзнае какви вокални способности, така што бидете сигурни дека во најмала рака ќе изгледате навистина симпатично. Исто така „500 Miles“ е супер хит за во автомобил и одличен начин како патувањето да помине побрзо и повесело.
„I want it that way“ – The Backstreet Boys
Веројатно нема да бидете единствени коишто со своето караоке направиле пародија од оваа песна.
Па, доколку сакате супер да се забавувате во Backstreet Boys – фазон и да се вратите околу 20-тина години наназад, ова е вистинскиот начин да го направите тоа.
„It's My Life“ – Bon Jovi
Како една од најпознатите хитови на групата „Bon Jovi“, оваа песна е и повеќе од одлична за да се испукате на караоке забавата.
Доста веројатно е дека сите ќе ви се приклучат уште пред почетокот на рефренот.
С. У. | Црнобело