Која песна има најмногу преработки во светот?
Веројатно првата музичка асоцијација која ви паѓа на памет кога го слушате ова прашање е хитот „Yesterday“ на Битлси или „Imagine“ на Џон Ленон.
Но, песната која има најмногу регистрирани преработки досега е култната „Summertime“. Луѓето кои стојат како одговорни лица позади проектот „The Summertime Connection“ тврдат дека до 2011 година, песната имала точно 33.345 снимени преработки и најмалку 41.915 изведувања во живо.
Оригиналната „Summertime“ за прв пат e изведена во 1935 година како првата арија од операта „Порги и Бес“ на композиторот Џорџ Гершвин.
Таа претставува непресушна инспирација за преработка од страна на познати музичари, меѓу кои се и Ела Фицџералд, Нора Џонс, Џенис Џоплин, Нина Симон и многу други.
Листата е сепак премногу долга за набројување, но останува фактот дека оваа песна е неверојатно добра и сензуална.
Уживајте:
https://www.youtube.com/watch?v=uhYDaqIW1Ck
(О)Милена | Црнобело