Мартина од Охрид, девојката која со музика го освојува светот

Многупати сме докажале дека ова парче земја е плодна почва за таленти кои имаат капацитет да го освојат светот. Сведоци сме на многу големи имиња кои своите сни ги претвориле во јаве и зад своите успеси го вееле знамето на Македонија.

Martina-devojkata-koja-so-muzika-go-osvojuva-svetot-01_copy.jpg

Приказната за младата и успешна гитаристка Мартина Блажеска од Охрид, која живее во Бостон во САД, започнува пред седум години кога таа ја открива љубовта кон гитарата.

За себе вели дека нејзиниот живот драстично се променал откако решила да се занимава со музика, иако многумина би помислиле дека можеби тоа не е вистинскиот пат до успехот на еден човек, сепак таа цврсто веруваа во себе, во својата пасија и своите способности и знае дека тоа е вистинскот, трнлив пат до целта.

Нејзиниот пат до успехот започнува со кaвер на песната „Another day” кој достигна до 700.000 прегледи, а после тоа следуваа уште неколку кавери и соработки со ѕвезди од калибарот на Дуке Бојаџиев, кои само придонесоа таа да го трасира својот пат кон успехот.

По завршувањето на средното музичко училиште, таа одлучува да ја продолжи својата кариера на еден од најдобрите институти за музика, Беркли институтот во Бостон,САД, каде базирано на нејзиниот талент и напорна работа таа станува еден од студентите на овој реномиран институт.

Вели дека иако е далеку од дома и мора секојдневно да се справува со предизвици, самиот Беркли е одлично место каде што еден уметник може да се развива и да стане ѕвезда.

Она што е актуелно е дека Блажеска има спонзорство од Elixir Strings и Ibanez Guitars, кои што го откриле нејзиниот талент преку видеа на социјалните мрежи. Исто така Мартина ја започна својата кампања за нејзиниот албум кој треба да се појави наредната година, а во меѓувреме настапи на сцената на Беркли институтот.

Паралелно со тоа го подготвува и својот концерт кој треба да се случи во „David Friend Recital Hall” на 30-ти ноември оваа година.

Martina-devojkata-koja-so-muzika-go-osvojuva-svetot-02

Знае да каже дека најголемата поддршка ја добива од своето семејство, а е исклучително горда што на својот прв албум аранжер и продуцент ќе биде нејзиниот партнер Мартин Милер.

Кога ја запрашавме дали вредат сите тие жртви кои морала да ги направи, таа низ смеа, скромно ни одговори дека кога би можела да бира повторно би го избрала тој пат, без размислување.

Она што е сигурно е дека овој млад, македонски, непресушен талент ќе биде се повеќе и повеќе присутен во јавноста, како на македонската така и на светската сцена и ќе не радува со она што најдобро знае и умее да го прави, пишување на песни и создавање волшебни звуци на жиците на нејзиниот најдобар пријател, гитарата.

Ексклузивно во продолжение погледнете го нејзиниот настап на сцената на Беркли институтот.

Н. Буџак | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Наташа Миха со нова песна - Слушнете ја „Инферно“ После година дена од објавувањето на нејзиниот албум „10 Љубови“, Наташа Миха се...
Лена - нов музички артист на нашата сцена Нашата земја е преполна со музички таленти и ни е навистина драго што имаме квал...
Ивона Јо: „Несебично ви ја подарувам 'Себично' - Нека стигне до секоја душа што пати и боли“ Ивона Јо имаше маестрална изведба на овогодинешниот Макфест, каде што се претста...
Антониа Гиговска со нов имиџ порачува: „Право машко знае како треба“ Пејачката ја изненади јавноста со кратката руса коса, па испрати порака дека „пр...
Промоција за нова песна и видео спот на Славчо Крежески – Одведи ме дома Славчо Крежески е музичар и музички ентузијаст роден во Струга, но подолг период...
Песна за разделба, нова прекрасна балада на Владо Калембер Може ли разделба да биде достоинствена, без навреди, обвинувања и лоша мисла? Ко...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg