„Тајна отровна“ на Владо Јаневски и уште 6 македонски хитови што се инспирирани од странски песни
Дали сте знаеле дека некои од најпознатите македонски песни се всушност инспирирани од познати странски хитови? Погледнете од каде црпеле инспирација некои од нашите најпознати музичари.
Некој од американската, некој од руската, а некој од италијанската музика... Македонските музичари направиле свои верзии на некои од познатите песни.
Погледнете кој од каде црпел инспирација за некои од најголемите хитови во македонската музика.
Под секоја македонска песна има и видео од оригиналот, па самите проценете колкава е сличноста меѓу песните.
Архангел – „Чудесен свет“
Во 1993-та година групата „Архангел“ го објави својот втор студиски албум, насловен „Архангел 2“. На него се најде и песната „Чудесен свет“.
Малкумина знаат дека оваа песна всушност е преработка на песната „Wonderful Life“, на групата „Black“, која оригинално била објавена во 1987-ма година.
Нокаут – „Временска машина“
Песната „Временска машина“ на Нокаут e преработка на песната „September“ на групата „Earth, Wind & Fire“, објавена во 1978-ма година.
Ребека – „Нешто жешко“
Во екот на својата кариера, Ребека ја објави песната „Нешто жешко“, која всушност е преработка на песната „Hot Stuff“ од Дона Самер, објавена во 1979-та година.