По 10 месеци пауза, Лара се враќа со „Нека гори“

Скопје, 17.07.2023 – Девојката која ја разбуди и раздвижи македонската музичка поп сцена пред 2 години, продолжува со засилено темпо и ова лето. Нејзиниот талент, амбициозност и желба уште еднаш покажаа дека нештата кои се работат со посветеност и многу љубов вродуваат со плод.

po-10-meseci-pauza-lara-se-vrakja-so-neka-gori-1.jpg

Младата и талентирана пејачка, Лара Иванова, која вниманието на јавноста го привлече со нејзините песни „Некогаш ќе помине“, „Ремек дело, „Душа“, „Цвеќе на тагата“ и многу други, по пауза од 10 месеци ја објави својата нова песна „Нека гори“. 

Со брз ритам за играње и текст кој за момент ќе ве одведе на некој тропски бар, новиот проект „Нека гори“ на Лара Иванова е уште една силна порака до цела македонска јавноста за нејзината неуморност и желба за вложување во македонската поп музика. 

po-10-meseci-pauza-lara-se-vrakja-so-neka-gori-2.jpg

Нека гори“ ја има моќта да ве подигне и натера да танцувате и да се препуштите на убавината на звуците и енергичниот бит, кој наговестува уште еден музички летен хит.

Нега гори” е дело создадено од македонскиот музички продуцент Иван Јованов - Ивајо и Робин Зимбаков.

po-10-meseci-pauza-lara-se-vrakja-so-neka-gori-3.jpg

Како важен дел од музичката кариера на Лара Иванова е дуетот со младиот македонски пејач „Пајак“ и нивната песна Bella, која стана регионален балкански хит и достигна над 22 милиони прегледи на Јутјуб. Тие минатата година се претставија со овој хит на најголемиот музички македонски фестивал „Макфест“. Овој дует е најсериозниот кандидат за добивање на наградата најслушана песна помеѓу две изданија на фестивалот.

Покрај настапот на „Макфест“, минатата есен Лара беше номинирана за регионалните Mac награди во две категории со песните „Ремек дело“ и „Јас против целиот свет“ кои се во соработка со македонскиот пејач, продуцент и композитор Роберт Билбилов.

po-10-meseci-pauza-lara-se-vrakja-so-neka-gori-5.jpg

За каков музички талент зборуваме, Лара го покажа со добивање на наградата за „Најперспективен артист“ на 26. издание на „Златна бубамара на популарноста“.

Се надеваме дека овој нов музички производ ќе биде уште еден нејзин хит кој ќе го продолжи патот на нејзината успешна музичка кариера.

Слушнете ја „Нека гори“:

Би можело да ве интересира:

Нова песна и спот на Дупер: „Кажи ми во лице“ Скопје, 05.01.2024 – Борис Какуринов и Илчо Нечовски очигледно го имаат тајниот ...
"Живее спомен" - новата песна и видео запис на Тамара Волческа На 10.03.2024 година, во 12:00 часот, Тамара Волческа ја промовираше својата нов...
D’Reamers ја објавија нивната седма песна насловена „Мали нешта” Бендот D’Reamers ја промовираше нивната нова песна наречена „Мали нешта”. Таа е ...
„ЗОРА” - ново парче модерна македонска музка од ДААН во соработка со К.Ј од дуото Како Браќа Во саботата на 21ви Септември ДААН го промовираше својот најнов сингл со наслов ...
Шлолските другри се споија и направија музичка уметност: Слаткар и Некст Тајм ја објавија „Океани” (... Се познаваат повеќе од 30 години, ги делеле школските клупи, заедно пораснаа на ...
Слаткар и Тони Зен со нов хит: „Наша 10-та заедничка песна, да ни се множат“ „Милион лета“ е новата песна на Слаткар и Тони Зен која воедно е и нивна 10-та с...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg