30 професионални книги кои секој млад човек треба да ги прочита

16. „Quiet“ од Susan Cain

Ако сте интровертна личност, тоа не значи дека морате да се промените за да станете успешен лидер и да се искачите на корпоративните скалила. Оваа книга ќе ви покаже како.

30-profesionalni-knigi-koi-sekoj-mlad-covek-treba-da-gi-procita-16.jpg


17. „Predictably Irrational“ од Dan Ariely

Без разлика на тоа дали сакате да почнете нов бизнис или кариера, треба да ја разберете комплексноста на човечкото однесување, а нема подобар почеток од оваа книга.

30-profesionalni-knigi-koi-sekoj-mlad-covek-treba-da-gi-procita-17.jpg


18. „7 Habits of Highly Effective People“ од Stephen R. Covey

Уште од нејзиното публикување во 1989-та година, книгата остана бизнис класика.

30-profesionalni-knigi-koi-sekoj-mlad-covek-treba-da-gi-procita-18.jpg


19. „Liar’s Poker“ од Michael Lewis

Луис право од колеџ добил работа во престижната инвестициска компанија Salmon Brothers, а неговата книга претставува сликовит опис токму на тоа време.

30-profesionalni-knigi-koi-sekoj-mlad-covek-treba-da-gi-procita-19.jpg


20. „How Will You Measure Your Life?“ од Clayton Christensen

Оваа книга истражува зошто некои привилегирани луѓе го оставаат својот живот во урнатини, а други успеваат и се развиваат во успешни луѓе.

30-profesionalni-knigi-koi-sekoj-mlad-covek-treba-da-gi-procita-20.jpg


21. „The Intelligent Investor“ од Benjamin Graham

Оваа книга е напишана од менторот на Ворен Бафет и дава длабински приказ на вредноста на инвестирањето. Дури и да не сте инвеститор и да работите далеку од финансискиот сектор, оваа книга може да ви помогне како долгорочно да ги организирате вашите пари.

30-profesionalni-knigi-koi-sekoj-mlad-covek-treba-da-gi-procita-21.jpg


22. „Crossing the Unknown Sea“ од David Whyte

Оваа книга претставува приказ на односот кој го имаме со светот и нашиот професионален живот.

30-profesionalni-knigi-koi-sekoj-mlad-covek-treba-da-gi-procita-22.jpg


23. „Steve Jobs“ од Walter Isaacson

Починатиот основач на компанијата Apple стана митска фигура на која многумина се потпираат. Книгата ја раскажува приказната за тоа како Џобс бил избркан од сопствената компанија за потоа да се врати назад и да ја трансформира во една од најуспешните компании во светот.

30-profesionalni-knigi-koi-sekoj-mlad-covek-treba-da-gi-procita-23.jpg


24. „Choose Yourself“ од James Altucher

Можеби понекогаш ќе посакате да го напуштите работното место на кое сте моментално, но оваа книга ќе ви прати порака дека дури и да работите за некој друг, треба да научите да бидете повеќе посветени на себе и да можете да се потпрете на себе и никој друг.

30-profesionalni-knigi-koi-sekoj-mlad-covek-treba-da-gi-procita-24.jpg


25. „Creativity, Inc.“ од Ed Catmull

Како што ја развивате вашата кариера, можете да откриете дека работата ви ја „убила“ креативноста.

Кетмил, основачот на Pixar, ја раскажува својата лична приказна за тоа како го изградил гигантот во компјутерска анимација, тврдејќи дека секој од нас поседува креативност, но на патот кон професионален развој ја губи.

Оваа книга неодамна дури и Марк Закерберг ја одбра како една од неговите омилени книги.

30-profesionalni-knigi-koi-sekoj-mlad-covek-treba-da-gi-procita-25.jpg


26. „Act Like a Leader, Think Like a Leader“ од Herminia Ibarra

Раните фази од вашата кариера се идеални за да ја изградите личната дефиниција за лидерство, а оваа книга може да ви помогне да го направите тоа.

30-profesionalni-knigi-koi-sekoj-mlad-covek-treba-da-gi-procita-26.jpg


27. „The Tipping Point“ од Malcom Gladwell

Книгата со која дебитираше овој писател излезе пред 15-на години, но сè уште дава добар увид во тоа зошто луѓето сакаат да ги дистрибуираат своите информации и сакаат да учествуваат во социјалните мрежи.

30-profesionalni-knigi-koi-sekoj-mlad-covek-treba-da-gi-procita-27.jpg


28. „Flow“ од Mihaly Csikszentmihalyi

Растеме со идејата дека животот е всушност потрага по среќата, а како што созреваме сфаќаме дека многу малку се зборува за неа и мал број на истражувања се направени кои ја откриваат механиката на среќата.

Оваа книга, претставува колекција на децении истражувања кои се концентрираат на тоа како функционира среќата.

30-profesionalni-knigi-koi-sekoj-mlad-covek-treba-da-gi-procita-28.jpg


29. „The Power Broker“ од Robert Caro

Ако не можете да сфатите како моќните луѓе функционираат, веројатно лесно ќе потпаднете под нивната волја. Оваа книга ќе ви помогне полесно да го сфатите нивниот начин на функционирање.

30-profesionalni-knigi-koi-sekoj-mlad-covek-treba-da-gi-procita-29.jpg


30. „The Fire Starter Sessions“ од Danielle LaPorte

Колекција на есеи кои ќе ве инспирираат да погледнете длабоко во себе и да откриете што навистина сакате од вашиот живот.

30-profesionalni-knigi-koi-sekoj-mlad-covek-treba-da-gi-procita-30.jpg

Н. Г. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Три кралски приказни: Книги кои ќе ги прочитате за еден викенд Од робинка до кралица, тајна руска агентка во времето на Распутин, жена што се п...
Одржана промоција на два нови романи на авторката Краличин Во просториите на Café Литература во Дајмонт мол на 15 февруари 2024 година со п...
3 емотивни биографии на Македонци - за табу темите и борбата за живот Ова се три емотивни книги на млади Македонци, кои се соочиле со најтешката борба...
3 романи со божиќна тематика, за непоправливите романтичари Историски роман за еден вообразен маж кој сака да ја освои својата идна сопруга,...
3 трилери од македонски автори (заради кои ќе грицкате нокти до самиот крај) Ви претставуваме три возбудливи трилери од македонски автори за кои се зборува и...
3 книги што може да ги подарите за 8-ми Март Цветот ќе овене, добрата книга со посвета ќе остане спомен засекогаш. На вашите ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg