Филмови за животот на децата бегалци кои ќе ви го скршат срцето, но ќе ви помогнат да го погледнете светот со други очи

Во време кога глобалната бегалска криза достигна рекордно високо ниво со повеќе од 84 милиони луѓе присилно раселени ширум светот, многу е важно да се разбере со какви проблеми се соочуваат бегалцитe, а особено децата бегалци.

filmovi-za-zhivotot-na-decata-begalci-koi-kje-vi-go-skrshat-srceto-no-kje-vi-pomognat-da-go-poglednete-svetot-so-drugi-ochi-01.png

Децата се најранливата категорија во бегалските кампови. Тие се одземени од нивните домови, училишта, пријатели и семејства и се принудени да започнат нови животи во сосема нови средини.

За да ја разберете подобро бегалската криза и низ какви моменти поминуваат децата бегалци, направивме листа од неколку филмови кои одлично ја прикажуваат вистинската слика од суровата реалност со која се соочуваат.

Се надеваме дека овие филмови ќе ви помогнат да го погледнете светот со други очи, да го цените она што го имате, да не им го одземате детството на вашите деца, да уживате во моментите со вашите најблиски и ако сте во можност да им помогнете на оние кои се жртви на овие страдања.

The Kite Runner

Филмот раскажува за авганистански бегалец кој долго по пристигнувањето во Америка, се сеќава на неговото уништено детство, неговиот најдобар пријател, леталата во форма на змеј што ги летале и приказните што ги споделувале.

Приказната од овој филм служи како потсетник дека без разлика на нашите културни разлики, тагата е универзална, а пријателите од детството никогаш не се забораваат.

Adú

Додека се обидувале да избегаат од Африка за да заминат во Шпанија, a потоа во Париз (до кој никогаш не стигнуваат), Аду и Алика одат до нивната тетка во градот, која им обезбедува премин со трговец со луѓе за да можат да му се придружат на нивниот татко во Шпанија.

Трговецот бесчувствително им кажува да се качат на товарниот простор на еден авион (без да провери дали патува до Шпанија), давајќи им топла облека за да го избегнат студот.

За жал, тие не пристигнуваат во Шпанија заедно, а што се случува додека се во авионот, ќе откриете ако го погледнете филмот.

Tiny Souls

Малата Марва живее во бегалски камп откако со семејството побегнала од Сирија. Марва веќе се приспособува на животот во новата земја, има пријатели со кои може да си игра и оди на училиште.

Но, кога нејзиниот постар брат е испрашуван од властите за неговата поврзаност со екстремистичките милитанти, таа се соочува со нова реалност. Нејзиниот живот добива огромен пресврт што ќе ја натера да се сомнева во одредени вистини.

Born in Syria

Ова е документарец кој ги следи патувањата на седум деца бегалци кои се селат низ Европа во потрага по нов живот.

Меѓу овие деца е и 8-годишниот Хамуде, чии родители се убиени, и кој открива дека во Унгарија бегалците престојувале во зоолошка градина. Меѓу нив е и 10-годишниот Каис, со тешки изгореници, чиј вујко не сака да му каже дека татко му е мртов.

Тука е и 12-годишниот Арасули, чие семејство платило неколку илјади долари за да ги извлече од Сирија само за да пристигнат во бегалски камп, чии врати се затворени за нив и 13-годишниот Марван кој мислел дека најлошото ќе биде преминот преку морето, но сфатил дека полошо е да немаш каде да отидеш и да немаш свој дом.

The Breadwinner

Овој анимиран филм ја раскажува приказната за Парвана, 11-годишно девојче кое расте во времето кога Талибанците се на власт во Авганистан во 2001 година. Кога нејзиниот татко е неправедно уапсен, Парвана ја скратува косата и се облекува како момче за да го издржува своето семејство.

За да продолжи, Парвана црпи сила од фантастичните приказни што ги измислува, додека тргнува во потрага да го најде својот татко и да го обедини своето семејство.

М. Г. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Тврдат дека татко им ги силувал како момчиња, па затоа го убиле – Кои се браќата Менендез за кои Нет...  „Ме тераше да го масирам и орално да го задоволувам“ – тврдеше Ерик Мененд...
10 нови филмови кои не треба да ги пропуштите оваа есен Ако сакате историска драма, задолжително изгледајте го Napoleon. Ако, пак, сте р...
10 филмови со кучиња кои можете да ги гледате и со вашите деца Љубовта кон животните е посебна, а кучето, како најдобар пријател на човекот, мо...
10 предлог филмови за новопечените мајки Некои од овие предлози ќе ви помогнат да сфатите дека не сте сами, некои ќе ви д...
5 предлог филмови за тинејџери кои се полни со емоции Погледнете 5 предлог филмови за тинејџери кои ќе ви останат во сеќавање, а и ќе ...
10 (по)нови мини-серии што ќе ги изгледате во еден здив Мистериозни убиства, политичка скандали и опасна жена која била на чело на најмо...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg