Таен остров, ексклузивна забава за избрани млади луѓе и мистериозен пијалак: Што се крие зад новата шпанска хит-серија „Welcome to Eden“?
„Дали сте среќни?“ - со ова прашање во порака, Зоа и уште неколку атрактивни млади луѓе, се поканети преку социјалните мрежи на најексклузивната забава на еден таен остров на кој треба да заминат без да кажат на никого. Мистериозни пијалаци, многу тајни и правила на игра - нова шпанска хит-серија која потсетува на Squid Game.
Новата серија на Нетфликс, „Welcome to Eden“, е шпански трилер кој заинтригира многу гледачи ширум светот, а дејствието потсетува на една од најпопуларните серии „Squid Game“.
Aтрактивни, млади луѓе, се поканети преку социјалните мрежи на најексклузивната забава на еден таен остров, со порака која го поставува прашањето „Дали сте среќни?“.
Испраќачот на овие пораки е мистериозната фондација Еден, која ветува дека ќе ги направи среќни барем една ноќ.
Она што започнува како возбудливо патување, наскоро ќе стане патување на животот. Но, рајот не е како што изгледа.
Така еден ден, сите млади кои се одбрани од фондацијата Еден, треба да си заминат без да кажат нешто на своите блиски.
Немаат многу информација за патувањето, освен дека ќе поминат неколку часа на рајски остров и ќе уживаат на забава спонзорирана од нов енергетски пијалак со сина боја наречен Blue Eden.
Зоа е една од избраните. Само таа ги крши правилата и ја носи својата најдобра пријателка.
Во серијата има многу тајни кои креираат многу прашања, а што содржи мистериозниот пијалак кој младите го пијат двапати и предизвикува чудни ефекти, е најчестото прашање кое нема одговор.
Затоа решивме да споделиме неколку теории за овој син пијалак кои сигурно ќе ве заинтригираат.
Што би можел да биде мистериозниот син пијалак?
Гама-хидроксибутирова киселина
Оваа киселина се користи како супстанција за рекреативни цели. Нема мирис, а може да се разреди со секаков пијалак.
Иако може да предизвика зголемување на сексуалната желба и состојба на еуфорија, доколку се комбинира со алкохол може да предизвикува губење на свест по само 20 минути од консумирањето.
Ова би го објаснил брзиот ефект што го доживуваат протагонистите на Welcome to Eden по консумирањето на синиот пијалак.
Рохипнол
Друга теорија е дека синиот пијалак содржи рохипнол измешан со алкохол. Рохипнол припаѓа на класата на лекови познати како бензодиазепини, кои медицински се користат за лекување на несоница и како преданестезија за операција.
Меѓутоа, кога се меша со алкохол, може да ја онеспособи личноста и да предизвика „антероградна амнезија“, што значи дека луѓето не можат да се сетат што се случило додека биле под дејство на оваа дрога.
Можеби фондацијата Еден им го дава овој пијалак на своите гости за да ги натера да останат подолго на островот. Што мислите вие?
Енергетски/алкохолен пијалак
Помалку веродостојна теорија, но фановите на серијата велат дека овој мистериозен пијалак е енергетски или алкохолен пијалак со сина боја.
Објаснувањето зад оваа теорија е дека ако овие видови пијалаци се консумираат во големи количини, можат да предизвикаат губење на свест.
Сепак, тоа е најмалку остварлива теорија, бидејќи за ова се потребни големи количини од пијалакот, а не само мало шише како што е прикажано во серијата.
Ако сѐ уште ја немате изгледано првата сезона од оваа серија, ве покануваме да ја изгледате и да ги споделите вашите импресии и теории. Мислењата на критичарите се поделени.
Погледнете го трејлерот:
Напомена: Ова е информативeн текст за серија со интересен заплет, а целата приказна и пијалакот се фикција и не се препорачува консумирање на овие супстанции во секојдневниот живот.
М. Г. | Црнобело