Скроени за љубовна пролет – 10 најромантични филмови од 2022 кои излегоа досега
Moonshot
Во иднината, каде Марс е тераформиран, двајца студенти се прикрадуваат на вселенскиот брод од Земјата до Марс со цел да се обединат со нивните љубови.
Through My Window
Ракел чувствува долгогодишна љубов кон својот убав сосед, Арес, кого тајно го набљудува со години, но никогаш не разговарала со него. Дали може да го натера Арес да се вљуби во неа?
Tall Girl 2
Џоди Крејман е изненадена од нејзината новооткриена популарност. Погрешниот начин на комуникација предизвикува несогласувања со оние околу неа, особено нејзиното момче.
Love Tactics
Маркетинг директор и модна дизајнерка која пишува анонимен блог не веруваат во љубов. И едниот и другиот се обложуваат со своите пријатели дека ќе го натераат другиот да се вљуби во нив, со необични тактики.
https://www.youtube.com/watch?v=OqVvYNWHVNc
The In Between
Теса не верува дека заслужува сопствена љубовна приказна сè додека не го запознае Скајлар, вистински романтичар. Кога Скајлар ќе почине во сообраќајна несреќа, Теса бара одговори и мисли дека тој се обидува да се поврзе со неа од задгробниот свет.
(О)Милена | Црнобело