Љубителите на „Млади бунтовници“ со различни импресии - По 20 години Netflix нѐ враќа низ ходниците на Elite Way School
По цели 20 години платформата Netflix реши на некој начин да ја рестартира нашата младост и како страствени љубители на носталгичната тинејџ-теленовела, да нѐ врати назад низ ходниците на Elite Way School.
Во средината на 2000-тите години, серијата Rebelde Way беше причината за која брзавме дома од училиште, за ни случајно да не пропуштиме најмал сегмент од најновата драма.
https://www.instagram.com/p/CUxWTQXNGBj/
https://www.instagram.com/p/CSe0CzHC8w6/
Па, алармот повторно се огласи и ја означи работата на образовната институција Elite Way School, а новиот филмски хит наречен Rebelde не ги заборава своите корени.
Всушност, оваа модернизирана изработка на Netflix oддава почит на оригиналната серија во повеќе наврати, но сепак не ја следи слепо и не претставува нејзин римејк.
Имено, станува збор продолжение кое соодвестува со животот во модерната ера.
Серијата не се обидува да направи копии на Миа, Марица, Пабло, Мануел или кој било друг лик, туку целта е да создаде нови, уникатни ликови со свои карактеристики и борби, притоа задржувајќи го духот кој ја направи оваа аргентинска серија толку популарна.
Новиот Rebelde јасно покажува дека е дизајниран за да ја прикаже новата генерација студенти на Elite Way School и да покаже дека оригиналните ликови навистина постојат во овој универзум.
Сепак, како што наведовме, во најмала рака шоуто сака да се базира на некои споредби со оригиналното шоу, особено да ги привлече љубителите кои можеби бараат други форми на блискост помеѓу оваа серија и оригиналот.
Всушност, најпознатиот римејк на аргентинскиот Rebelde Way е истоимениот мексикански Rebelde, така што сличностите може да ги побарате во двете серии.
Еден од интересните факти е дека актерката Естефанија Виљареал која во мексиканскиот Rebelde ја глумеше Селина, овојпат ја гледаме на директорската позиција во училиштето Elitte Way.
Исто така, актерката Карла Косио која ја знаеме како Пилар – тогашната ќерка на директорот, сега пристигнува во улогата на мајка на Хана, една од протагонистите која многумина веќе ја нарекоа новата верзија на Миа Колучи.
Ако пораснавте гледајќи ја оваа серија, голема е веројатноста дека се сеќавате на култната униформа на Elite Way School, како и стилизирањето на секој лик со цел истата да одговара на нивните личности.
Традицијата продолжува така што модата е важен елемент на Rebelde, секако во согласност со модните насоки и модифицирања.
Уште поголема улога од модата - се разбира, има музиката и исто така правците се речиси неограничени.
Но, да не откриваме премногу. Дали можеби погледнавте некоја од епизодите на новата Rebelde серија?!
Мила М. | Црнобело