Филмски клишеа кои стануваат досадни и дефинитивно не функционираат во реалноста
-->
Скоро сите ликови се ранобудни и пред да заминат на работа имаат време за вежбање, правење обилен појадок, подјадување, средување…
Бидејќи холивудските актери изгледаат како модели, и нивните ликови изгледаат како модели, без разлика што треба да бидат „обични“ луѓе како нас.
Адвокатите се најефикасни во последниот момент. Во скоро сите филмови со судници и адвокати, адвокатите наоѓаат некој доказ или некој сведок кој целосно го менува текот на настаните, и тоа баш пред да се донесе пресудата.
-->
Кога ликовите ќе се повредат, особено ако се жени, секогаш имаат рана која не само што не им влијае лошо врз изгледот, туку прави и да изгледаат подобро и „поопасно“.
Кога главните ликови се во брзање, без проблем ги туркаат сите околу нив, а другите луѓе само го прифаќаат тоа како да е најнормално нешто.
Сите имаат добри соседи кои се секогаш подготвени да помогнат. Ако, пак, станува збор за соседство како во „Очајни домаќинки“, никој не си ја заклучува надворешната врата и сите си влегуваат во туѓите домови без никаков проблем.
Спирова С. | Црнобело
-->
-->
Би можело да ве интересира:
Актери со огромна (и вознемирувачка) возрасна разлика кои глумеле романтични парови
Гвинет Палтроу имаше само 26 години кога глумеше во Perfect Murder со тогаш 54-г...
11 актери кои, по многу години, повторно се облекоа како познатите ликови што ги глумеа
Се сеќавате ли како изгледаше Кортни Кокс во хоророт Scream? Или Вил Смит во сер...
Стереотипи од турските серии заради кои секогаш превртуваме очи
Сите ликови се нашминкани дури и кога се будат од спиење. Секогаш главните ликов...
Колку се променија ѕвездите од „Вовед во анатомија“ речиси 20 години по премиерата?
Д-р Дерек Шепард е остарен и оседен, но уште го има заводничкиот шарм во себе, а...
10 филмови кои ја прикажуваат мрачната страна на алчноста за пари и моќ
The Wolf of Wall Street е можеби најдобар пример за мрачната страна за желбата з...
10 филмови со силни и инспиративни жени во главните улоги
Бремена тинејџерка која носи тешка одлука за најдоброто на нероденото дете, сред...
-->