„Yo soy tu verdadera madre“ - култни „драматични“ фрази од латино-американските серии со кои израснавме

21 век претставува асоцијација за модернизирана, широка филмска палета и во споредба со некогаш – сечии вкусови се лесно дофатливи и задоволени.

Yo-soy-tu-verdadera-madre-kultni-dramatichni-frazi-od-latino-amerikanskite-serii-so-koi-izrasnavme 01 630x330.jpg

Особен белег на некогашната филмска индустрија претставуваат латино-американските серии.

Емитувани на речиси секоја македонска телевизија повеќе од две децении, овие серии претставуваат обележје на кое сите се сеќаваме.

Гледано од денешна перспектива, содржините изобилуваат со повеќе од комични, „апсурдни“ и еднолични карактеристики.

Пожртвуваната мајка во улога на слугинка, љубовни триаголници кои никако не се отплеткуваат, илјадници солзи пролеани поради недозволената љубов и ред други драматични содржини кои ги среќававме низ епизодите што секојдневно го задржуваа нашето внимание пред малите екрани.

Сепак, мора да признаеме дека во главно токму овие серии се виновниците за општото познавање на шпанскиот јазик ширум нашата популација.

„Yo soy tu verdadera madre“ – една од најкултните фрази на кои се сеќаваме, зарем не?!

Во продолжение за вас издвоивме низа фрази од латино-американските серии кои слатко ќе ве насмеат:

„Nuestro amor es imposible“ – „Нашата љубов е невозможна“

„Тu verdadero padre es...“ – „Твојот вистински татко е...“

„Puedo explicartelo, no te vayas!“ – „Можам да ти објаснам, не си оди!“

„No quiero vivir sin ti!“ – „Не сакам да живеам без тебе!“

„Teresa no está muerta“ – „Tереса не е мртва“

„No te quiero volver a ver nunca más!“ – „Не сакам да те видам никогаш повеќе!“

„Fuera de mi casa!“ – „Надвор од мојата куќа!“

„Lo nuestro no puede ser!“ – „Нашето не може да биде!“

„Jamás en mi vida me volveré a enamorar“ – „Никогаш во животот нема да се заљубам“

Yo-soy-tu-verdadera-madre-kultni-dramatichni-frazi-od-latino-amerikanskite-serii-so-koi-izrasnavme 02 630x380.jpg

„Voy a tener un hijo tuyo“ – „Ќе имам дете од тебе“

„Lo nuestro se acabó“ – „Нашето заврши“

„Solo me entregaré al hombre que amo“ – „Eдинствено ќе му се предадам на човекот кој го сакам“

„De ahora en adelante seré otra y nadie volverá a jugar conmigo“ – „Oтсега, па натаму ќе бидам друга и никој нема да си игра со мене“

„Acepto casarme contigo, aunqe no te amo“ – „Прифаќам да се омажам за тебе, иако не те сакам“

„Me las vas a pagar Maria Teresa!“ – „Ќе ми платиш, Марија Тереса!“

„Si no eres mía, no serás de nadie!“ – „Ако не си моја, нема да бидеш ничија!“

„Vete, no quiero verte nunca más en mi vida!“ – „Оди, не сакам да те видам никогаш повеќе во мојот живот!“

Мила М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

10 мини-серии на Нетфликс што се гледаат во еден викенд Љубителите на хорор треба да ја изгледаат The Fall of the House of Usher, додека...
Најсмешните твитови за второто продолжение на Joker: „Сакам да ми ги вратат парите и времето што ги ... Второто продолжение на Joker, кое е мјузикл, се соочува со негативни критики, а ...
„Стела и Сани“, „Светот на Биби“: Листа со емисии, песни, серии на македонски јазик за вашите деца Сакате ли вашето дете да слуша песнички и емисии на македонски јазик? Ако е така...
Стереотипи од турските серии заради кои секогаш превртуваме очи Сите ликови се нашминкани дури и кога се будат од спиење. Секогаш главните ликов...
10 мрачни серии на Нетфликс (се гледаат во еден викенд) Ако сакате фантазија, веруваме ќе ви се допадне јужнокорејската серија Hellbound...
10 предлог филмови за новопечените мајки Некои од овие предлози ќе ви помогнат да сфатите дека не сте сами, некои ќе ви д...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg