По речиси 20 години повторно на Netflix – Како изгледаат актерите од колумбиската серија „Скриени страсти“ денес?!
Неодамна на стриминг-платформата Netflix започна да се емитува популарната колумбиска серија Pasión de Gavilanes („Скриени страсти“).
Овој потег за љубителите на колумбиско-мексичките серијали е вистинско изненадување, со оглед на тоа дека серијата за првпат се емитувала во 2003 година.
Престижната продукција „Телемундо“ пред речиси 20 години создаде приказна која сосема лесно и брзо се здоби со светска популарност.
Станува збор за браќата Рејес, кои барајќи одмазда за смртта на својата сестра Либија се заљубуваат во трите сестри Елизондо – ќерки на потенцијалниот „виновник“.
Со едночасовни 188 епизоди, серијата „Скриени страсти“ – која се емитуваше на А1 телевизија на нашите простори обележа огромен успех.
Со посебен акцент и ден-денес се одликува нејзината препознатлива музика, како и актерите кои подоцна ги гледавме во многубројни серии и филмови.
Па, како изгледаат актерите од препознатливата серија „Скриени страсти“ речиси дваесетина години подоцна?!
Дана Гарсија – Норма (43)
Паола Реј – Химена (41)
Наташа Клаус – Сарита (46)
Марио Симаро – Хуан (50)
Mајкл Браун – Франко (45)
Хуан Алфонсо Баптиста – Оскар (45)
Хорхе Као – Мартин (77)
Кристина Лили – Габриела (58)
Хуан Пабло Шук – Фернандо (55)
Ана Лусија Домингез – Либија, Рут (37)
Жарик Леон – Росарио (46)
Мила М. | Црнобело