Франшизата Mission Impossible со Том Круз слави 25-годишнина, а во тек е снимањето на седмиот дел (фото)
Поминаа точно 25 години од првиот дел на Mission: Impossible кој ја имаше својата премиера во 1996 година. По повод сребрениот јубилеј, добро е да се потсетиме на сите 6 филмови кои излегоа досега.
Главниот херој на франшизата Том Круз ја толкува улогата на Итан Хант, кој работи за Единицата на невозможни мисии (Impossible Missions Force (IMF)).
Она што го издвои првиот филм од сите останати акции во тој временски период е секако култната сцена во сефот каде што Том Круз виси наопаку и не смее да го допре подот.
https://www.youtube.com/watch?v=5BcLRnMkI7Q
Филмот доживеа неверојатен успех, по што следуваат останатите 5 делови и најкултните сцени во секој од нив:
Mission: Impossible 2 (2000)
https://www.youtube.com/watch?v=6yx4nyKDCNc
Mission: Impossible III (2006)
https://www.youtube.com/watch?v=XCYSvjYJsG8
Mission: Impossible – Ghost Protocol (2011)
https://www.youtube.com/watch?v=W-lVgZ-gos8
Mission: Impossible – Rogue Nation (2015)
Mission: Impossible – Fallout (2018)
Актерот во моментов го снима седмиот дел од франшизата чија премиера се очекува на 26 мај 2022 година, но истовремено се грижи да не излезе ниту една снимка или фотографија од снимањето.
Покрај Том Круз во седмиот дел покрај него ќе глумат и Хејли Атвел и Ванеса Кирби. Се шушка дека Круз истовремено работи и на осмиот дел од серијалот Mission: Impossible.
Актерот кој наполни 58 години е сè уште во одлична физичка и кондициска форма, а не смееме да заборавиме дека најголем дел од опасните сцени во филмовите ги има снимено самиот, без помошта на дублери и каскадери.
Вториот дел пак од култниот Top Gun: Maverick ќе излезе на 2 јули годинава, а речиси сите го очекуваат со големо нетрпение, со оглед на фактот што излегува точно 35 години од прикажувањето на првиот дел.
(О)Милена | Црнобело