5 „женски“ серии на Нетфликс кои ќе ви го поправат и најлошото расположение
Време е за опуштање, вино и женско друштво. А што подобро може да се вклопи во овој состав освен добра серија?
Доколку сте во потрага по одлична „женска“ серија која ќе ви го задржи вниманието, ќе ви го стопи срцето, ќе ве разнежи, но и насмее, ова се нашите 5 одлични предлози на Нетфликс:
The Bold Type
Три најдобри пријателки. И едно популарно списание за коешто работат. „Скарлет“ е местото каде што се остваруваат сите нивни соништа, но и место на љубов и созревање.
Good Girls
Бет и Ени се сестри. Тие ја имаат Руби, нивната најдобра пријателка од детството и среќата завршува тука. Додека тонат во финансиски проблеми, трите најдобри пријателки решаваат да ограбат супермаркет.
https://www.youtube.com/watch?v=kbjIaPzODs0&ab_channel=JoBloStreaming%26TVTrailers
Virgin River
Во потрага по нов почеток, млада медицинска сестра се сели од Лос Анџелес во мало, изолирано гратче во северниот дел на Калифорнија. А таму ја дочекуваат изненадувања од секој аспект.
Grace and Frankie
Грејс и Френки се најголеми ривали откако знаат за себе. Но, откако ќе дознаат дека нивните сопрузи се хомосексуалци коишто се вљубени еден во друг, нивното ривалство се претвора во искрено пријателство.
Anne With An E
Авантурите на една млада девојка-сираче што живее кон крајот на 19 век. Ен полека се адаптира на нејзиниот нов живот на островот Принц Едвард. Серијата е работена според класичните романи на Л.М. Монтгомери.
(О)Милена | Црнобело