10 неверојатни и (по малку) вознемирувачки филмови од кои ќе ве полазат морници по кожата
Доколку сте обожаватели на помрачни филмови и сметате дека имате „јак желудник“ и силни нерви за да ја „сварите“ содржината, тогаш дефинитивно ви ги препорачуваме следните филмови.
Кој ќе ви биде прв на листата за гледање?
Split
Кевин страда од дисоцијативно нарушување на идентитетот. Тој во себе крие неверојатни 23 различни личности. Кога ќе киднапира три тинејџерки, тие мора да откријат кој е најпријателски настроен од сите, пред Кевин да ја ослободи својата 24-та личност.
Antrum
За да ја спасат душата на нивното починато куче, младо момче и девојче навлегуваат во шумата и почнуваат да копаат дупка кон пеколот.
https://www.youtube.com/watch?v=BhRYNJOtYC8&ab_channel=MovieTrailerChannel
The Ruins
Група на пријатели кои се на одмор во Мексико се претвора во кошмар откако ќе отидат во посета на археолошко наоѓалиште од каде што извира суровост, страв и злоба.
Session 9
Група на чистачи кои се дојдени да го отстранат азбестот во напуштена болница за пациенти со психички нарушувања. Марачното минато на болницата се обидува да исплива на површината.
Splice
Двајца научници спроведуваат контроверзен експеримент кој вклучува создавање на хибридни суштества. Но, што ќе се случи кога едната компонента, покрај животинските, е човечка ДНК?