10 одлични нови филмови кои ќе ви го продлабочат умот
Понекогаш сакаме да гледаме „лимонада“ филмови со кои го пуштаме мозокот „на пасење“. А понекогаш имаме желба да погледнеме нешто сериозно, суштински битно кое ќе нè стресе, ќе нè извади „од чевли“ и ќе ни го продлабочи умот.
Доколку сте расположени за тура нови, сериозни и одлични филмови, еве ги нашите 10 предлози:
Malcolm & Marie
Врската помеѓу еден режисер и неговата девојка е ставена на тест откако ќе се вратат дома од премиерата на неговиот најнов филм, додека ги чекаат критиките.
One Night In Miami
Фиктивна приказна за една неверојатна ноќ во којашто се собираат легендите Мухамед Али, Малколм Екс, Сем Кук и Џим Браун и разговараат за нивните улоги во Движењето за граѓански права во 60-тите години на минатиот век.
Fatale
Успешен оженет човек има секс за една ноќ. Одеднаш се наоѓа заплеткан во последната истрага на лукава полициска детективка.
Herself
Млада мајка успева да избега од на насилниот сопруг и започнува да се бори против расипаниот систем на домување во САД. Во процесот повторно го гради својот живот и се открива себеси.
The Dig
Работен според вистинска приказна со неверојатна актерска екипа, најмен археолог започнува историски важен ископ на Сатон Ху во 1938 година.