Како изгледаат актерите од аргентинската серија „Ангели“ денес?!
Доколку се обидеме умствено да „пробуричкаме“ во сеќавањата на некогашната ТВ-ера, веројатно повеќето од нас ќе се сетиме на аргентинската серија „Ангели“ (Casi Angeles).
По завршувањето на безвременската тинејџ-опсесија „Млади бунтовници“, ќе се согласиме дека оваа серија и тоа како беше вистинско освежување за помладата популација.
Се сеќавате ли на „комичните“ антагонисти Бартоломе и Хустина кои всушност ги „замрсија“ судбините на Мар, Јасмин, Тачо, Рама, Тијаго и многу други млади луѓе?!
А на бескрајната љубов помеѓу Нико и Сиело, а воедно и нивната борба и емпатичност?!
Верувале или не, од премиерата на овој незаборавен серијал се поминати цели 14 години.
Во продолжение за вас откриваме како изгледале ликовите од аргентинската серија „Ангели“ некогаш, а како тие изгледаат денес:
1. Емилија Атијас - Сиело Махико
2. Николас Васкес - Николас (Нико) Бауер
3. Алехо Гарсија Пинтос - Бартоломе Бедожа Агуеро
4. Хулија Калво - Хустина Гарсија
5. Маријана Лали Еспозито - Маринела (Мар) Риналди
6. Хуан Педро Ланзани - Тиаго Бедожа Агуеро
7. Химена Акарди - Малвина Бедожа Агуеро
Интересен е фактот дека во приватниот живот, Химена и Николас се брачни партнери, спротивно од содржините на серијалот - каде Нико не ѝ ја возврати љубовта на Малвина.
8. Гастон Далмау - Рамиро (Рама) Ордоњез
9. Марија Еухенија Суарез - Јасмин Ромеро
10. Николас Риера - Хуан (Тачо) Моралес
11. Марија Кандела Ветрано - Естефанија (Тефи) Елорди
12. Пабло Мартинез - Симон Аречавалета
13. Росио Игарзабал - Валерија (Вале) Гутиерез
14. Томас Рос - Кристобал Бауер
15. Марија Дел Керо - Мелоди Пас
16. Стефано де Грегорио - Леон Бенитез
За крај, една симпатична фотка од блиска видео-средба на еден од најомилените љубовни парови во оваа серија, Мар и Тиаго.
Мила М. | Црнобело