Марго Роби - уметничко лизгање: Актери кои изучија цела професија за потребите на филм
Адриен Броди – The Pianist
За да го одглуми ликот на еврејскиот пијанист Владислав во филмот The Pianist, Адриен Броди одел на часови по пијано.
Актерот вежбал 4 часа на ден, а истовремено држел строга диета и се изгладнувал за подобро да го долови ликот.
Актерот научил да свири навистина добро, а неговата посветеност на улогата му донесе и Оскар за најдобра главна улога.
Марго Роби – I, Tonya
Во филмот I, Tonya Марго Роби ја глуми Тоња Хардинг – професионалец во уметничко лизгање, а некои од комплицираните движења актерката ги изведувала сама. Ова значи дека поминала многу време учејќи уметничко лизгање.
Пред да ја добие улогата Марго никогаш не лизгала, а за да се подготви за филмот вежбала секој ден, во период од пет месеци.
Иако за најтешките движења од кореографиите биле најмени професионалци, Марго сметала дека мора да изгледа самоуверено кога е на лизгалки, па вложила многу за да го изучи спортот.
Џозеф Гордон Левит – The Walk
За да може да го глуми Филипе Петит, Џозеф морал да научи да оди по јаже. Уште поинтересно е што актерот учел токму од Фелипе – личноста која ја глуми.
Фелипе е најпознат како мажот кој изоде на јаже врзано на две згради, на висина од неверојатни 400 метри. Се разбира, Џозеф немало потреба да го прави тоа, но сепак одел по јаже врзано на висина од 3 метри. А сите вештини, Џозеф ги научил за само 8 дена.
Даниел Деј Луис - Phantom Thread
Додека се подготвувал за улогата во Phantom Thread каде што глуми шивач, Даниел Деј Луис научил да шие, ја изучувал историјата на модата, како и биографиите на најпознатите дизајнери.
Подоцна, заедно со костимограф од театар во Њујорк тој направил костуми за балетска претстава, а ѝ сошил и фустан на сопругата црпејќи инспирација од модел на Balenciaga.
Спирова С. | Црнобело