10 нови романтични филмови кои ќе ви го стоплат срцето во студениот ноември
Време е за малку љубов, страст и романса. Имаме одлични предлози за вас, романтични филмови зачинети со доза авантура, драма, но и еротика.
Изборот ви останува вам, што ќе ви го стопли срцето во овој студен ноември?
Love and Monsters
Во свет преполн со чудовишта, Џоел дознава дека неговата девојка е оддалечена само 130 km од него. Тој мора да тргне на опасно патување, со цел да биде со девојката од неговите соништа.
After We Collided
Во вториот дел од трилогијата After, врската помеѓу Теса и Хардин наидува на препреки и многубројни предизвици. Дали љубовта и страста се доволни за да останат заедно?
The Wrong Missy
Таа е практично неподнослива. Тој има еден ужасен состанок со неа и решава да не ја побара никогаш повеќе. Сè додека не ѝ испрати порака по грешка…
365 Days
Филмот којшто го нарекуваат полскиот „50 нијанси сиво“ изобилува со еротски, секси елементи. Масимо ја киднапира Лаура и ѝ дава 365 дена за таа да се вљуби во него.
Holly Slept Over
Кога сопругата ќе му каже на својот маж дека многу одамна имала секс со нејзината цимерка од факултет, нештата во бракот се менуваат. Особено кога Холи доаѓа во посета.