Каде сè сме ја гледале Лили Колинс освен во „Emily in Paris“?
И покрај многубројните негативни критики за тоа колку погрешно се претставени Французите во „Emily in Paris“, серијата доживеа неверојатен успех на Нетфликс.
Изгледа дека на сите ни е потребна доза од „мозокот на пасење“, зачинета со многу мода, хумор и романтика во еден од најубавите градови во светот, Париз.
Она што ја прави серијата особено привлечна за гледање е секако 31-годишната Лили Колинс. Иако можеби мислите дека ова е нејзината прва, голема улога на ТВ екраните, дефинитивно сте во заблуда.
Ќерката на познатиот пејач Фил Колинс зад себе има завидна филмска кариера, а ова се само дел од филмовите каде што може да ја видите Лили во главната улога:
Tolkien (2019)
Заедно со Николас Холт, Лили глумеше во филмот кој ги портретира младешките години на авторот на „Господарот на прстените“, Толкин.
To the Bone (2017)
Во оваа потресна драма Лили ја глумеше Елен, 20-годишна девојка која се бори со анорексија.
Love, Rosie (2014)
Работен според романот „На крајот од виножитото“ на Сесилија Ахерн, ќе се вљубите во ликот на Рози (Колинс) и нејзината романса со Алекс.
The Mortal Instruments: City of Bones (2013)
Клари открива тајна која ќе го смени нејзиниот живот, започнувајќи ја најголемата авантура во борба против демони.
Mirror Mirror (2012)
Модерната екранизација на „Снежана и седумте џуџиња“, во којашто Лили ја глумеше Снежана, а Џулија Робертс лошата кралица.
(О)Милена | Црнобело