Морган Фриман - смирен и мудар лик: Актери кои секогаш глумат исти улоги
Некои актери се вистински камелеони на филмското платно, но постојат и оние кои си се држат до истите улоги.
Кога добро ќе размислите, ќе сфатите дека многу актери како да следат некоја формула за нивните ликови. Во сите филмски проекти изгледаат исто, и разликата во нивните улоги е само името на ликот.
Погледнете кои актери и актерки спаѓаат овде:
Џенифер Анистон изгледа засекогаш ќе остане Рејчел од Friends. Во секој филм таа глуми чудна жена со љубовни проблеми.
- He’s Just Not That Into You
- Just Go with It
- We’re the Millers
Леонардо ди Каприо секогаш е арогантен, непријатен и тврдоглав маж.
- The Aviator
- J. Edgar
- The Wolf of Wall Street
Хелена Бонам Картер е препознатлива по ексцентричните ликови, кои неретко се и психопати.
- Fight Club
- Sweeny Todd: The Demon Barber of Fleet Street
- Harry Potter and the Deathly Hallows – Part 2
Џеси Ајзенберг најчесто глуми арогантен нарцис, кој мисли дека е Бог.
- Land of Zombies
- The Social Network
- Now You See Me
Зои Дешанел најчесто ја гледаме во улогата на необична девојка која живее во свој свет.
- Yes Man
- 2.500 Days of Summer
- New Girl