Познатите актери и актерки „рамо до рамо“ со нивниот најпрепознатлив лик (фото)
Иако добрите холивудски актери зад себе имаат многу филмски остварувања, повеќето ги помниме по само една улога.
Веројатно ова го инспирирало Ард Гелник, графички дизајнер од Холандија, да започне навистина интересен проект. Со помош на Photoshop, Ард прави фотографии од познатите актери и актерки со нивните најпрепознатливи улоги.
Дизајнерот работи на овој проект речиси 10 години, а се чини дека не планира да запре. Тој веќе има над 280.000 следбеници на Instagram и редовно ги споделува овие фотографии.
„Овој проект е навистина стар кога ќе земете предвид дека со брат ми првата ваква фотографија ја направивме пред околу пред 10 години. Пред околу 5 години почнав да правам фотографии со актери од Холандија, и проектот се покажа како успешен. Тогаш почнав со фотографии од светски познати личности“, вели Ард.
Погледнете некои од неговите најинтересни дела: