5 документарци што можат да ви ја променат перспективата кон многу нешта
Документарните филмови се одличен начин да се опуштите, а во исто време и да научите нешто.
Овие филмови можат да нè едуцираат, но и да нè поттикнат да направиме некаква позитивна промена во нашиот живот.
Во продолжение погледнете 5 документарци, кои навистина можат да ви ја променат целата перспектива:
Медена земја
Сигурно веќе слушнавте за Атиџе, но ако досега не сте го изгледале Медена земја, направете го тоа во првата прилика.
Филмот си заработи две номинации за Оскар и на неверојатен начин го прикажува односот на човекот со природата.
Cowspiracy: The sustainabillity secret
Ова е контроверзен документарец кој го проучува штетното влијание на месната индустрија. Откако ќе го изгледате можеби нема да станете вегетаријанци, но дефинитивно ќе размислите да намалите со консумирањето месо.
Blackfish
Документарецот ја следи приказната на еден орка кит кој живее во забавниот парк SeaWorld, притоа покажувајќи ни ги сите контроверзии во врска со овие животни кои живеат во заробеништво.
The Dark Side of Chocolate
Во овој документарец ќе погледнете што се случува на плантажите за какао во Гана, каде што неретко работат и деца на возраст од 7 до 15 години. Документарецот тврди дека дел од снимките во него се направени тајно и откриваат една сосем нова страна на приказната.
The Imposter
Ова е филм за момче од Шпанија, кое тврдело дека е 16-годишниот исчезнат син на семејство од Тексас. Приказната е навистина необична, но и потресна и филмот сигурно ќе ве натера да помислите на вашите најголеми проблеми во животот.
Спирова С. | Црнобело