Inside Out ни покажува дека депресијата е сериозен проблем - Најважните лекции што ги научивме од популарните анимирани филмови
The Hunchback of Notre Dame е малку помрачен цртан кој обработува теми како расизам, сексизам, геноцид, корупција и сексуално вознемирување. Една од највознемирувачките сцени е кога цела толпа почнува да го малтретира Квазимодо, само затоа што е различен.
Во Monsters, Inc. гледаме колку е тешко да се збогуваме со оние што ни значат најмногу. Ова е најдобро прикажано во сцената каде што Сали со прегратка се збогува со Бу и исчезнува во гардероберот.
Toy Story 2 обработува теми како напуштањето. Еден од главните ликови, Џени, била напуштена од претходните сопственици, но тоа не значи дека таа не заслужува љубов.
И Hercules обработува теми како сексизам и сексуално вознемирување. Во една сцена, Мег вели дека мажите мислат дека „Не“ значи „Да“, и дека „Остави ме“ значи „Земи ме“. Ова е проблем што сигурно им е познат на многу жени.
Во Pocahontas акцентот е ставен на расизмот, но и колонијализмот и лошите последици од него.
Спирова С. | Црнобело