Inside Out ни покажува дека депресијата е сериозен проблем - Најважните лекции што ги научивме од популарните анимирани филмови
Mulan ни ја нагласи нееднаквоста на половите во општеството. Главниот лик ни докажува дека местото на жената не е само во кујната и дека секоја личност, без разлика на полот, може да прави големи дела.
Moana ни покажува дека дури и саканите што сме ги изгубиле се секогаш овде со нас. Ова најдобро се гледа во сцената каде што Моана сфаќа дека духот на нејзината баба секогаш внимава на неа.
Во Big Hero Six имаме можност да погледнеме какво е влијанието на смртта на член од семејството. Филмот обработува теми како ментално здравје, напуштање и желба за одмазда.
Beauty and the Beast обработува сериозни теми како сексуално вознемирување, сексизам и слично. Во секоја сцена со Бел и Гастон, може да се види како тој очекува Бел да му се потчини.
И Brave обработува теми како сексизам и „обврските“ на жените во патријархалното општество. Мерида, главниот лик, е присилена да се венча, иако воопшто не го сака тоа.
Во Finding Dory гледаме дека е сосем во ред да бидете поразлични, како што е Дори. Без разлика дали имате какви било проблеми или пречки, вие сте еднакви на другите.