Совршени за маратонско гледање – најдобрите филмски серијали што ќе ве забавуваат со часови
Bourne
- The Bourne Identity (2002)
- The Bourne Supremacy (2004)
- The Bourne Ultimatum (2007)
- The Bourne Legacy (2012)
- Jason Bourne (2016)
Ако сакате акциони филмови и ако го сакате Мет Дејмон, нема да погрешите со серијалот за Џејсон Борн. Џејсон е агент на ЦИА, а во првиот дел има амнезија. Наскоро ја дознава вистината за неговото минато и одеднаш станува мета на многу моќни луѓе.
Ice Age
- Ice Age (2002)
- Ice Age: The Meltdown (2006)
- Ice Age: Dawn of the Dinosaurs (2009)
- Ice Age: Continental Drift (2012)
- Ice Age: Collision Course (2016)
Ова е неверојатна приказна, чие дејство е сместено во леденото време. Главните ликови се праисториски суштества кои прво мораат да се справат со топењето на мразот, но и многу други опасности.
Night at the Museum
- Night at the Museum (2006)
- Night at the Museum: Battle of the Smithsonian (2009)
- Night at the Museum: Secret of the Tomb (2014)
Филмот раскажува за Лери, маж кој се вработува како ноќен чуваат во еден музеј. Но, она што не го знае е дека секоја вечер, сите експонати оживуваат, вклучувајќи го и огромниот скелет на диносаурусот, но и војниците на Атила, кралот на Хуните.
The Mummy
- The Mummy (1999)
- The Mummy Returns (2001)
- The Mummy: Tomb of the Dragon Emperor (2008)
- The Mummy (2017)
Последниот дел ги разочара фановите, но првите три се навистина забавни за гледање. Неколку авантуристи во Египет се вплетуваат во опасна игра и на крај мораат да се соочат Мумијата, фараонот кој бил проколнат и кој станал од мртвите.
The Conjuring
- The Conjuring (2013)
- The Conjuring 2 (2016)
- Annabelle (2014)
- Annabelle: Creation (2017)
- The Nun (2018)
- Annabelle Comes Home (2019)
Овој серијал ги содржи некои од најинтересните хорор-филмови. Во првите делови главните ликови се Ед и Лорејн Ворен, кои се направени според вистински „демонолози“.
Тие се соочуваат со разни натприродни појави и се обидуваат да ги спасат семејствата на кои очајно им е потребна нивната помош.
Спирова С. | Црнобело