Актери кои се соочиле со нивните најголеми стравови за време на снимање
Ума Турман – клаустофобија во „Kill Bill, Volume 2“
Една од најнапнатите сцени од филмот е кога невестата, ликот на Ума Турман, е закопана жива, па мора сама да најде начин да излезе.
Сцената е напната за гледачите, но замислете како ѝ било на актерката која страда од клаустофобија.
„Клаустофобична сум, но и без тоа ќе ви биде страв да ве закопаат живи“, изјави таа.
Мет Дејмон – страв од змии во „We Bought a Zoo“
Според Скарлет Јохансон, која се појавува во филмот, Мет дури почнал да плаче кога на сетот донеле змии.
Актерот ја потврди приказната изјавувајќи:
„Се плашам од змии. Скарлет и децата на сетот ме натераа да ги допрам“.
Џенифер Анистон – страв од вода во „Cake“
Актерката има страв од вода уште од 5-годишна возраст, кога со велосипедот паднала во базен.
Во филмот „Cake“ има сцена каде што нејзиниот лик треба некое време да биде под вода, а ова било вистински кошмар за неа.
„Сцената ја снимавме 30 пати… никогаш повеќе нема да го направам тоа“, има изјавено Анистон.
Скарлет Јохансон – страв од птици во „We Bought a Zoo“
Иако Скарлет се шегува за Мет Дејмон, и таа морала да се соочи со нејзиниот страв, и тоа на истиот филмски сет.
„Има нешто кај нивните крилја и клунови. Преплашена сум од нив. И уште го имам стравот. Ако на сетот ми речеа да ми стават птица на рамото, се согласував, но беше многу тешко“.
Спирова С. | Црнобело